12 реални причини зошто тој не ви враќа на пораката во истата секунда
Жените понекогаш претерано паничат кога дечкото не им враќа во истата секунда, но пред да смислите секакви сценарија, сте помислиле ли дека можеби спие, се бања или едноставно има друга работа во моментот?
Иако постојат исклучоци, сепак голем број од жените сакаат мажите (посебно оние со кои се на почеток) да им враќаат во најбрз можен рок на пораките, а ако ги нема подолго од неколку минути, тие веќе почнуваат да смислуваат сценарија за тоа зошто го нема.
Сепак, прво, станува збор за мажи, кои не се толку зависни од телефоните, најчесто ги мрзи да одговараат на секоја порака и не го следат секое светнување на телефонот, па нема потреба да паничите.
Освен тоа, постојат и други реални причини зошто тој не ви враќа, освен „сигурно е излезен со друга/му здосадив/си куца со друга, па нема време за мене“ и слично...