Тајните на тантричкиот секс: Древни трикови за незаборавно задоволство
Древната индиска езотерична традиција, како и духовното учење познато како тантра, велат дека еротиката, сексот и емоциите се природни средства за спојување на поларитетот на машката и женската енергија во едно.
Тантра нè учи дека сексот не е само метод за постигнување на физичко задоволство, туку и можност за креативно користење на позитивната сексуална енергија во другите области на животот.
За време на сексуалниот однос, се наоѓаме во интензивна состојба на свест и потсвест, а со помош на тантричките ритуали можеме да го пренесеме тој фокус во другите сфери на нашите животи.
Тантричкиот секс функционира според принцип на зајакнување на сексуална енергија, стимулација и контрола. Оваа комбинација доведува до максимално физичко, како и духовно задоволство.
Подгответе го просторот во кој ќе водите љубов. Опкружете се со многу перници и мека постелнина. Украсете ја просторијата со мирисливи свеќи и оставете ги да бидат единствениот извор на светлина.
Тантричкиот секс трае долго време па треба да имате и нешто за освежување. Шише вода или овошје ќе ви ја дадат потребната енергија, но слободно освежете се и со храна или пијалак по ваш избор.
Подгответе се физички, психички и емоционално. Пристапете кон ова искуството на водење љубов со отворен ум и срце, без двоумење и срам, со љубопитност и разиграност. Опуштете се максимално пред да водите љубов.
Ослободете се од физичката напнатост. Седнете удобно, наспроти вашиот партнер. И двајцата треба да се истегнете за да се ослободите од телесната напнатост.
Заземете ја позата наречена „јаб јум“. Ова е традиционална тантрична поза, многу интимна, која дава чувство на блискост. Мажот треба да седи со прекрстени нозе, а жената треба да му седне во скутот и да го опфати со нозете.
Воспоставете постојан контакт со очите. Отпрвин ќе се чувствувате непријатно, затоа што, без оглед на интимноста, луѓето не се склони да прават вакви „експерименти“.
Не постои временско ограничување за оваа фаза. Гледајте се додека не ви стане пријатно. Ова ниво на поврзаност, што треба да го постигнете, ќе ви донесе максимално задоволство.
Не го прекинувајте контактот со очите за време на сите ритуали и додека водите љубов.
Поврзете се со зборови. Во овој момент кажете си еден на друг како се чувствувате. Споделете ги вашите мисли, опишете што најмногу сакате и кои потези ве прават среќни. Бидете искрени.
Вклучете ги допирите во ритуалот. Допирајте го партнерот со прстите, полека и нежно, за да ги разбудите сите сетила. Дозволете му и на вашиот партнер да го стори истото.
Не форсирајте ништо. Во оваа фаза на тантричкиот ритуал, пенетрацијата може или не мора да се случи. Ритуалот можете да го завршите и без тоа, бидејќи самата пенетрација не е во фокусот на тантричкиот секс, туку е само една од можностите на патот кон задоволството.
Најважно е во ниту еден момент да не ја губите свеста за тоа што се случува. Бидете фокусирани на самиот чин и поврзаноста со партнерот.
Ашера | Црнобело