Совети за предиграта што ќе го направат сексот уште подобар

Доколку со партнерот ја прескокнувате предиграта, тогаш испуштате многу. И другите активности, покрај вагиналниот секс, можат да пружат неверојатно задоволство. Предиграта може да биде главниот настан во вашите интимни моменти, а може и значително да го подобри сексот.

nekolku-soveti-za-predigra-shto-kje-go-napravat-seksot-ushte-povozbudliv-03.jpg

Доколку не сте сигурни од каде да почнете, погледнете ги овие совети.

Почнете со бакнување

Бакнувањето без сомнение ќе ве возбуди, а неретко е навистина потценето. Можете да го користите бакнувањето и во комбинација и со други нешта, како допирање и вагинален секс.

Некои секс терапевти препорачуваат да пробате колку долго можете да издржите само со бакнување пред да продолжите понатаму.

Користете ги рацете

Не потценувајте ја моќта на допирот. Користењето на рацете може дополнително да го зголеми задоволството во предиграта, а истовремено ќе дознаете кој дел од телото е ерогена зона на партнерот.

Додека го допирате партнерот обрнете внимание на неговите реакции.

nekolku-soveti-za-predigra-shto-kje-go-napravat-seksot-ushte-povozbudliv-02.jpg

Пробајте нови пози

Разните пози не се само за вагиналниот секс, па бидете креативни и применете ги и во предиграта. Некои пози ќе ви овозможат заедно да се допирате, а за некои можете и да се менувате. Експериментирајте со допирите и бакнежите.

Не го заборавајте оралниот секс

Оралниот секс самиот посебе пружи неверојатно задоволство, но можете да го вклучите и во предиграта. Со орален секс без сомнение ќе го возбудите партнерот и ќе го направите сексуалниот однос уште поинтензивен.

Користете лубрикант

Некои парови сакаат лубриканти, а на некои не им се потребни Но според некои експерти, лубрикантот може да го зголеми задоволството. Покрај тоа, денес постојат лубриканти со разни вкусови и мириси што можат да го направат сексот позабавен.

Само бидете внимателно доколу сте склони кон габични инфекции – во тој случај избегнувајте ги слатките лубриканти и оние со многу шеќер.

Експериментирајте со играчки

Како лубрикантите, и секс играчките можат да го зголемат задоволството. Најпознатата играчка е вибраторот, а според некои истражувања, жените кои користат вибратор уживаат многу повеќе во сексот.

Покрај тоа, вибраторите не се само за жени и можете да го користите за да го стимулирате пенисот на партнерот.

nekolku-soveti-za-predigra-shto-kje-go-napravat-seksot-ushte-povozbudliv-04.jpg

„Валкани“ зборови

Доколку сте заедно со партнерот подолго време, не срамете се од валканите зборови. Токму ова може навистина да ве возбуди и двајцата и да го направи сексот многу подобар.

Доколку не знаете од каде да почнете, едноставно кажувајте му на партнерот што сакате да ви прави.

Одете под туш

Бидејќи веќе и двајцата ќе бидете голи, возбудата нема да изостане. Почнете со допири и бакнежи, а кога вистински ќе се возбудите, можете да се преместите во спалната, но и да продолжите под тушот.

nekolku-soveti-za-predigra-shto-kje-go-napravat-seksot-ushte-povozbudliv-05.jpg

Масажа

Масажата е одличен начин да се релаксирате. Со масажата ќе му помогнете на партнерот вистински да се фокусира на задоволството во моментот.

Почнете со нормална масажа, а потоа почнете да го допирате партнерот и на другите делови од телото. За уште поголемо задоволство можете да употребите и некое масло.

Направете ја предиграта главниот настан

Сексот е одличен, но дали сте помислиле предиграта да биде главниот настан? Наместо да брзате да преминете на вагинален секс, направете ја предиграта подолга.

И мажите и жените можат да го достигнат врвот само со предигра, па задоволството ќе биде обострано.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg