Отворено писмо до сама себе, за кога ќе фатам нов дечко
Слушај Ивана, не е важно што лепенката наоѓа каде треба да се залепи, бидејќи тоа значи дека имало само едно мало дупче, па се потрудила да помогне. Твоите врски се како цедалка за шпагети. Пуштаат на сите страни. Знаеш зошто.
Токму затоа, испринтај го овој потсетник во повеќе примероци и извлечи го од џепчето кога ќе затреба.
Не игнорирај какво му е семејството. Знаеш дека лошите семејни приказни утре прават лоши емотивни заплети.
Не си доктор за глава, престани да менуваш тези и да носиш туѓи грижи. Ти не си му ни мајка, ни психијатар.
Кога ќе слушнеш дека мајка му е психо, бегај колку што те држат нозете, па дури и ако се бакнува толку добро што почнува да ти светка пред очите. Дури и ако зборуваш со него од 7 попладне до 5 наутро и ти е криво што мораш да спиеш бидејќи тоа е чисто губење на време.
Да, бегај и тогаш кога ќе слушнеш дека како дете не добивал доволно љубов.
Сфати веќе еднаш дека родителската љубов не се надокнадува и иако веруваш дека од секое правило постои исклучок, не си наишла на ниту еден.
Многу важно – многу си стара за да бираш мажи кои на 10-ти во месецот имаат уште 10 евра за до следен први.
Тие, кои во 30-тите се задоволни од преживување, бидејќи сè се свртело против нив, кои не го нашле своето место под сонцето или едноставно им е доволно што се живи, оние кои очекуваат цел живот да ги туркаш, носиш, насочуваш, разбираш бидејќи се неразбрани, тие Ивана нема да се снајдат!
И не ми раскажувај како сега тука е зафркнато, затоа што знаеш дека за тој странецот, сезонскиот работник, гуглаше додека очите не ти излезат и му најде прекуокеански понуди за работа.
Знаеш ти дека не се работи за парите, туку за отсуство на способност и труд. Престара си за тоа.
Не го освојувај. Нека те освојува тој тебе. Треба да се труди. Треба да ти запали цигара без да се молиш дека ќе му текне. Треба да те изнесе надвор, не одма да те затвори дома.
Комплиментите се сосема во ред, посакувани. Кажи „благодарам“ и не прави глупави шегички кога ќе ти каже нешто убаво.
Не прави компромиси и не му објаснувај што значи да бидеш еднаков во сè. Ако тоа не му е природно, нека бара друга лепенка.
Ајде малку тактичност кога нешто ти се допаѓа, пофали го, воодушеви се, покажи.
Знаеш што рече оној дедо на улица на својот пријател, другиот дедо, па ти слатко се насмеа – кога жените само би знаеле дека на мажите им е најважно да ги фалат и бодрат, сè би добиле од нив и никогаш не би ги изневерувале.
Аман жено, промени го тој строг израз на лицето.
Не наседнувај на приказната дека до 40 нема ни дом, ни брак, ни дете, бидејќи не ја нашол сродната душа. Можеби ја нашол, но големи се шансите дека е премногу тежок или дека има некоја сериозна фалинка.
Тебе Ивана не ти треба некој пенлив бран, доста ти е валкање по земја. Не ти личи.
Сега нема да ти зборувам за секс. Знаеш ти добро како заврши минатиот пат кога на другарка ти ѝ вети дека нема да направиш ништо на прво гледање.
Важно е да се сетиш на многу ситуации. Важно е да се сетиш и зошто се омажи. Да, од љубов, а зошто го засака?
Не заборавај дека после се разведе додека се породуваше. Не мешај лончиња пак Ивана! Немој!
И да не го заборавам најважното. Се сеќаваш зошто никогаш нема да престанеш да го сакаш оној единствениот, посебниот?
Затоа што ќе те прави подобра отколку што си. Не заборавај го тоа – треба да те прави подобра, и ти него исто.
Кога тоа ќе ти успее, ќе ја фрлиш цедалката. Шпагетите може да се цедат и со помош на капак кој совршено се поклопува.