Што треба да направите со партнерот после кавга, за среќна врска?

Расправиите и конфликтите во врската не се ништо ново, а колку и да не ги сакате, понекогаш се дури и добри за вас. Но, неретко, поради гнев и нервоза, за време на расправијата можете да кажете зборови што воопшто не ги мислите и да го нарушите односот со партнерот.

shto-da-napravite-so-partnerot-posle-raspravija-01.jpg

Важно е после расправата да не се преправате со партнерот како ништо да не се случило, туку да извлечете некоја поука од целата ситуација.

Па, погледнете што треба да направите со партнерот после кавга, за врската да не трпи последици:

Дајте си простор

Ако забележите дека сте навистина гневни, најдобро е да си дадете простор еден на друг. На овој начин ќе го избегнете дополнителното расправање и ќе имате време да размислите за целата ситуација.

shto-da-napravite-so-partnerot-posle-raspravija-02.jpg

Вратете се на проблемот и решете го на мирен начин

Секоја расправија е поради некој проблем. Сега кога сте смирени и кога гневот поминал, обидете се да разговарате мирно. Токму смирениот разговор ќе го подобри односот и сигурно ќе ви помогне да најдете заедничко решение.

shto-da-napravite-so-partnerot-posle-raspravija-03.jpg

Проверете дали постои некој поголем проблем

Понекогаш во врските се создаваат и поголеми проблеми за кои не сте ни свесни. Токму тој голем проблем може да предизвикува разни мали расправи што не се ни поврзани со него.

Добро размислете дали има нешто што ви пречи вам или на партнерот. Споделете ја вашата загриженост и обидете се да ја најдете вистинската причина за кавгата.

shto-da-napravite-so-partnerot-posle-raspravija-04.jpg

Продолжете понатаму без замерки

Откако ќе го најдете решението, оставете ја расправата зад вас. Без разлика што сте кажале, простете си и не се навраќајте на тоа. Немојте никогаш да ја користите расправата како аргумент за некој конфликт во иднина.

За ова можеби ќе ви биде потребна сила и храброст, но ако помеѓу вас навистина постои разбирање, тоа не би требало да биде проблем. Сепак, во врската сте заедно и треба да се однесувате како тим, без разлика на околностите.

shto-da-napravite-so-partnerot-posle-raspravija-05.jpg

Разговарајте со професионалец

Доколку забележите дека расправите се чести и никако не можете да најдете решение, можеби треба да се консултирате со професионалец.

Ова не значи дека вашата врска е осудена на пропаст, туку едноставно не можете да сфатите кои се разликите што предизвикуваат конфликт. Професионалецот ќе ви помогне да го откриете тоа и еднаш засекогаш да најдете решение.

shto-da-napravite-so-partnerot-posle-raspravija-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg