6 женски исповеди какво е состанувањето со помлади мажи
„Можеби имам многу младешки дух, па затоа не ми одговара состанувањето со врсници. Стилот на живот ми е покомпатибилен со оној на помладите мажи.“
Дали во вашата околина има жени кои се состануваат со драстично помлади мажи?
Која е причината за ваквиот „тренд“? Кои се придобивките, а кои маните?
Исповеди на жени за врските со помлади мажи:
„Се состанував со двајца помлади мажи, но не ми се допадна. Тие постојано имаат некакви барања, ги игнорираат моите граници и потреби и искрено повеќе се чувствував како да сум им родител, а не партнерка.“
„Се состанувам со 13 години помлад маж и немаме проблеми затоа што од почетокот зборувавме искрено. Се согласивме дека двајцата не сакаме деца. Комуницираме добро и бракот не го прецртуваме како опција.“
„Можеби имам многу младешки дух, па затоа не ми одговара состанувањето со врсници. Стилот на живот ми е покомпатибилен со оној на помладите мажи.“
„Се обидов да имам сериозна врска со помлад маж, но едноставно нивото на емоционална созреаност не ми одговараше. Тоа што ми беше потребно од партнер, не беше таму.“
„Врската беше во ред, но ме нервираа неговите драстично помлади пријатели и нивни партнерки, ми изгледаа плитки и неинтересни, па затоа раскинавме.“
„Кај младите мажи не ми се допаѓа што многу се грижат за туѓите мислења. Отпорноста на тоа изгледа доаѓа со годините.“
С. С. | Црнобело