„Движи ги колковите, не нозете“ и уште 8 машки совети за жените кога се одозгора
„Фокусирајте се на вашиот оргазам. Ние сме задоволни само со тоа што сте горе.“
Жената одозгора, односно популарната каубојска поза, е класика во сексот.
Бидејќи повеќето жени не можат да доживеат оргазам само од пенетрација, ова е совршена поза за дополнителна стимулација преку триење на клиторисот.
Искрени совети од мажите за жените кога се во каубојска поза:
„Командувајте, обидувајте се да дојдете до оргазам. Возбудливо е кога има дива страст и потоа доживуваме врв едновремено.“
„Не скокајте пребрзо и превисоко. Движете се полека. Мрдајте ги колковите со кружни движења. Исто така, пронајдете си го вистинскиот агол, тоа е клучно.“
„Користете ги машките гради за потпирање и правете што сакате.“
„Движете се со колковите, не со нозете. Некогаш потпрете се назад на дланките и ставете ги нозете напред како да сте клекнати, тоа е жешко, во ваква позиција можеме да гледаме сè.“
„Гледајте ги реакциите на партнерот и така прилагодувајте го ритамот и брзината.“
„Притиснете ги рацете на партнерот на вашите гради, тоа е секси.“
„Без разлика како мислите дека изгледате, не треба да бидете самокритични. Ве сакаме и мислиме дека изгледате секси такви какви што сте, запомнете го тоа.“
„Фокусирајте се на вашиот оргазам. Ние сме задоволни само со тоа што сте горе.“
„Не плашете се да бидете малку себични. Ова е позиција кога имате повеќе контрола, па искористете ја предноста.“
С. С. | Црнобело