Кога ќе живееш како ти да си љубовта на твојот живот, тогаш ќе дојде вистинскиот
„Вистинскиот“... Многу жени го чекаат. Го бараат мажот со кој ќе го поминат животот.
Оној кој ќе ни биде пријател, љубовник, мотиватор, најголема поддршка и ќе нè сака со целото свое срце.
Но, што ако вистинскиот никогаш не дојде? Што ако имаме можност да погледнеме кон нашата иднина и таму ја нема вистинската љубов? Што тогаш? Што ќе биде поинакво во вашиот живот? Кои избори ќе ги направите?
Ако сте доволно мудри, таа информација нема да ви промени нешто многу значајно затоа што вашиот живот не е под влијание на нечие присуство или отсуство.
Идејата дека можеби еден ден ќе ја сретнете вашата сродна душа не треба да ве спречи да се фокусирате на најдобриот можен начин на живот во моментов. Веќе сте целосна личност и заслужувате да си го креирате вашиот живот од соништата, без разлика дали сте со некого или не.
Плаќајте си ги сметките, сакајте си ја работата, имајте хоби, пријатели, патувајте, учете нови работи и растете како личност. Минувајте време со семејството.
Можеби сте воспитани да верувате дека цел во животот ви е да пронајдете љубов, да се омажите и да имате деца. Но, кога ќе престанете да верувате во тоа, конечно ќе се чувствувате слободни.
Кога ќе престанете да се плашите дека ќе завршите сами, многу прозорци со можности ќе ви се отворат.
Можете да живеете на начинот на кој сакате без да се грижите како тој влијае врз нечиј друг живот. Бидејќи понекогаш љубовта, колку и да е прекрасна, може да нè спречи да ги правиме работите што ги сакаме.
Престанете да го барате вистинскиот. Ако е судено да го најдете, ќе се случи.
Дотогаш фокусирајте се на себе и живејте го својот живот слободно, самоуверено - како вие да сте си љубовта на својот живот.