Зошто мажите заспиваат после секс?

Доколку вашиот партнер секогаш заспива после секс, нормално е да се посомневате дека нешто не е во ред со вашата врска. Но, науката е овде за да ви докаже дека нема никаков простор за грижа.

vistinskata-prichina-zoshto-mazhite-zaspivaat-posle-seks-01.jpg

Имено, мажите заспиваат после секс поради неколку причини, а ниту една не е поврзана со вас или врската.

Потрошена енергија и оргазам

После секој оргазам, хемијата во машкото тело се менува. Во нивното тело почнува да се лачи биохемикалијата пролактин, која всушност прави мажот да се чувствува изморено.

Од друга страна, жените не секогаш доживуваат оргазам за време на секс, па поради ова и после односот, може да бидат полни со енергија.

Иако постојат малку докази кои објаснуваат зошто мажите заспиваат после оргазам, најверојатно, хормоните како окситоцин, пролактин и ендорфин го предизвикуваат тоа.

Покрај тоа, сексот и оргазмот се како обединување на машката и женската енергија. Машкиот оргазам, за разлика од женскиот, е надворешен, односно, преку ејакулација. Ова, пак, значи празнење на енергијата.

Ова празнење може да го направи мажот поспан бидејќи според истражувањата, префронталниот кортекс на мажите се „исклучува“ после оргазам. Токму овој дел од мозокот е одговорен за свеста, вниманието и менталната активност.

Оргазмот кај жените е „внатрешен“, па нема губење на енергија. Ова објаснува зошто жените и после оргазам имаат енергија.

vistinskata-prichina-zoshto-mazhite-zaspivaat-posle-seks-02.jpg

Прегратки и разговор после секс

Жените неретко сакаат да размислуваат за искуството, а самата комуникација им оди полесно. Доколку вашиот партнер има проблеми со изразувањето, голема е веројатноста да не му се разговара после секс. И во овој случај, вината е ваша, туку неговата биологија.

Сепак, многу секс терапевти тврдат дека прегратките после сексот ја зголемуваат интимноста помеѓу партнерите, како и чувството на поврзаност. Некои истражувања, пак, покажале дека луѓето кои заспиваат после секс, имаат поголема желба за поврзување и внимание.

vistinskata-prichina-zoshto-mazhite-zaspivaat-posle-seks-03.jpg

Што да правите доколку сакате повеќе внимание после секс?

Доколку сепак ви пречи што партнерот заспива после секој однос, можете да преземете нешто. На пример, можете да иницирате да водите љубов пред појадок, ручек или вечера.

Имено, помала е веројатноста партнерот да заспие доколку е гладен. Истовремено, избегнувајте да имате секс само навечер пред спиење, кога и двајцата се преморени.

Во секој случај, најдоброто решение е разговорот. Односно, отворено кажете му на партнерот дека сакате повеќе внимание после водењето љубов. Не сите мажи сакаат да спијат после секс и со задоволство би разговарале и би прифатиле малку нежности пред да заспијат.

Доколку вашиот партнер сепак постојано заспива, немојте да мислите дека проблемот е во вас. Најверојатно тоа значи дека тој се чувствува удобно, убаво и задоволно покрај вас.

vistinskata-prichina-zoshto-mazhite-zaspivaat-posle-seks-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg