Исповед на жени: Што не можам да поднесам кај мојот сопруг?
На платформата Whisper, луѓето од целиот свет анонимно ги споделуваат нивните најискрени мисли и чувства.
Покрај другите нешта, голем број жени решиле да споделат кои се работите што не можат да ги поднесат кај своите сопрузи.
Од „бебешко“ зборување, до запоставување на домашните обврски, сигурно и вие ќе се пронајдете во барем еден од коментарите на жените:
„Воопшто не сакам кога сопругот ми зборува како бебе. Ме иритира и воопшто не е привлечно. Сакам да престане.“
„Мразам кога сопругот јаде овесни снегулки. Речиси половина ги става во лажицата, а потоа гласно срка. По ѓаволите!“
„Не можам да поднесам кога сите го фалат сопругот за нешта што јас ги правам секој ден, како миење садови или правење вечера.“
„Не можам да поднесам кога сопругот гледа во други жени.“
„Мразам кога сопругот минува време со своето семејство, бидејќи тогаш се претвора во личност која ме исмева. Кога е далеку од нив е добар кон мене.“
„Мразам што сопругот секоја вечер пие. Не можам да опишам колку сум гневна кога е пијан. Сакам да престане бидејќи е многу попријатна личност кога е трезен.“
„Не можам да поднесам кога новиот сопруг му одржува лекции на моето дете од првиот брак, а неговото дете од претходниот брак бесрамно трча низ домот.“
„Не сакам што сопругот секогаш заспива пред мене.“
„Мразам кога не ме слуша. Му реков дека е предоцна и дека бебето мора да оди на спиење, бидејќи после нема да заспие, но не ме послуша. Па, погодете сега кој се обидува да го заспие бебето.“
„Мразам кога сопругот ја пере облеката. Мојата и облеката на децата секогаш завршува обоена или истуткана.“
„Мразам кога сопругот чисти. Секогаш кога чисти е гневен, па дури и злобен.“
„Не можам да ги поднесам допирите на сопругот. Од нив се ежам. Дали е ова нормално и има ли некоја друга со истиот проблем?“
„Го сакам сопругот само кога не е дома, не можам да го поднесам кога е дома.“
„Ме нервира тоа што сопругот често го спомнува моето минато, а според него сосема е во ред што имал афера со мажена жена. Кога почнавме да се гледаме останаа ’пријатели‘.“
„Мразам кога сопругот гледа порно филмови. Мразам што не изгледам како девојките од тие филмови.“
„Мразам кога сопругот на мене ќе потроши макар и еден долар.“
Спирова С. | Црнобело