Работи што треба да престанете да им ги кажувате на вашите сингл пријатели

Без разлика каков е вашиот љубовен статус, другите секогаш ќе имаат да ви кажат нешто. На некои луѓе им оди подобро кога се во врска, а некои повеќе сакаат кога се сингл. Во која категорија спаѓате вие, зависи само од вас и тоа не треба да засега никој друг. Сепак, денес неретко ги осудуваме луѓето кои се без партнер и сметаме дека очајно се обидуваат да пронајдат некој.

raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-vashite-singl-prijateli-01.jpg

Веројатно и вие го правите тоа, па им нудите безброј „совети“ на вашите сингл пријатели. Но имајте на ум дека штом вашите пријатели одлучиле да бидат сингл, вие не треба да ги советувате во врска со тоа доколку не го бараат тоа од вас.

Па, погледнете кои се нештата што треба да престанете да им ги кажувате на сингл пријателите.

„Кога-тогаш ќе најдеш некој“

Без разлика како ќе го кажете ова, вашиот пријател ќе мисли дека го сожалувате. Вие не можете да ја предвидите иднината. Доколку личноста сака да биде сингл, оваа „утеха“ не е од никаква помош.

„Пробај ги апликациите за состанување“

Можеби вам ви се допаѓаат овие апликации, а можеби дури и вака сте го нашле вашиот партнер. Но важно е да знаете дека не секој го сака онлајн состанувањето и нема потреба да го присилувате да го проба. Некои луѓе едноставно сакаат интеракција во живо.

raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-vashite-singl-prijateli-02.jpg

„Треба да излегуваш повеќе“

Вашиот пријател ќе излегува колку што сака, а не колку што треба. Кога ќе го терате пријателот да излегува за да најде некој, ќе почне да се чувствува виновно што е сингл. Па, овој совет не помага воопшто.

„Нема ништо лошо во тоа да бидеш сингл“

Некои работи е подобро да ги премолчите, а овде спаѓа и ова. Вашиот пријател ќе мисли дека е проблем што е сингл само ако некој друг му го нагласи тоа. Доколку ужива во сингл животот, не му е потребно признание од вас.

raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-vashite-singl-prijateli-03.jpg

„Биди отворен/а за врска“

Некои луѓе сакаат врска, а некои не се подготвени на тоа и само сакаат кратка авантура. Вие не сте личноста којашто треба да го одреди тоа за вашиот пријател. Доколку пријателот најде личност со која вистински ќе се поврзи, можеби ќе размисли за врска. Одлуката е само негова и не треба вие да му „солите памет“.

„Имам пријател кој е сингл“

Немојте да мислите дека вашиот пријател е толку очаен што ќе прифати состанок со кој било. Иако намерата ви е најдобра, избегнувајте да го спојувате со други сингл личности.

raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-vashite-singl-prijateli-04.jpg

„Наскоро ќе се појави вистинскиот“

Вашиот пријател може да го сфати ова како досега да не бил достоен за врска, и сега одеднаш е. Наоѓањето на вистинскиот не следи никаков распоред и ќе се појави кога ќе дојде време за тоа. Можеби вашиот пријател не е подготвен да го најде вистинскиот, па нема потреба да го тешите дека ќе се појави.“

„Предобро изгледаш за да бидеш сингл“

Само затоа што вашиот пријател изгледа одлично, не значи дека мора да биде во врска. Физичката привлечност е различна за секого и речиси секогаш е најмалку важна во врска.

raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-vashite-singl-prijateli-05.jpg

„Оди разговарај со онаа личност“

Доколку вашиот пријател сака да разговара со некого, ќе го направи тоа. Доколку не побара поттик и помош од вас, немојте да го присилувате.

„Го најдов партнерот кога најмалку очекував, истото ќе ти се случи и тебе“

Никогаш не треба да го споредувате вашето искуство со она на пријателот. Вие сте различни личности и сакате различни нешта. Сепак, љубовниот статус на вашиот пријател е само негова работа, а вие треба да му понудите поддршка и љубов и ништо друго. Доколку сака совет од вас, ќе го побара. Во спротивно, најдобро е да молчите. Да се биде сингл не е смртна казна, па немојте да се однесувате така.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg