Знаете ли кое е најдоброто, а кое најлошото време за секс во текот на денот?
Го обвинувате ли партнерот за лошиот секс? Можно е да грешите… можеби само сте избрале погрешно време за сексуален однос.
Никој не сака лош секс, но мора да признаеме дека и тоа се случува понекогаш. Лошо е кога ќе зачести, а партнерите не разговараат за проблемите во креветот. Овие работи можат да го разнишаат односот помеѓу партнерите и да ја загрозат врската.
За да ги сведете сексуалните проблеми на минимум, најдобро е да ги исклучите ризичните фактори, а еден од нив е лошиот тајминг.
Повеќето луѓе водат љубов навечер, што е всушност најлошото време за секс.
Студијата во списанието „Frontiers in Psychology“ открива дека најчесто се води љубов во периодот помеѓу 21 часот и 1 наутро. Исто така, оваа студија покажува дека ноќниот секс не им го пружа на луѓето очекуваното задоволство.
Иако изгледа како најдобро време за секс – темно е, романтично, сме ги завршиле сите обврски во денот и можеме да се посветиме еден на друг, всушност воопшто не е изгледа така доколку го прашаме нашето тело.
Организмот во тоа време се подготвува за одмор и енергијата е многу ниска. Од друга страна пак, сексот бара енергија и што подобри перформанси.
Постои уште една причина зошто вечерниот секс не е најдобра опција, а се однесува на либидото. Врвот на либидото кај жените и мажите се разликува во текот на денот. Жените се поуморни навечер и помалку расположени за секс.
Како што постои биолошки часовник, така постои и внатрешен часовник за секс, а со него управуваат нашите хормони. Бидејќи сме го поминале целиот ден и сме уморни, телото навечер бара одмор, а не секс.
Според тоа, најдобро време за секс е утрото. Полни сме со енергија, одморени, опуштени, телото лачи витални хормони, тестостеронот е на високо ниво, а тоа добро влијае на либидото.
Освен тоа, сетете се дека денот по утрото се познава, па зошто да не го започнете најдобро што може.
(О)Милена | Црнобело