Жените споделуваат искуства: Дали живеењето со свекорот и свекрвата е добро за бракот?

Велат дека кога ќе се венчате со некого, се венчавате и со целото негово семејство. Вашиот живот вистински ќе се промени после бракот, но не треба да се усогласувате само со партнерот, туку и со неговите родители.

zhenite-spodeluvaat-dali-zhiveenjeto-so-svekorot-i-svekrvata-e-dobro-za-brakot-01.jpg

Отсекогаш постоела дебата за тоа дали е подобро да се живее со свекорот и свекрвата или не. Дали оваа животна ситуација може да го подобри бракот, или само да го влоши?

Неколку жени решиле да ги споделат нивните искуства:

Ми се допаѓа

„Веќе две години сме во брак и не ми е проблем што живееме со свекорот ти свекрвата. Свекрвата секогаш ми помага со обврските. Свекорот, пак, секогаш ме третира како негова ќерка и се грижи за мојата безбедност. Сите направивме некои промени за да се адаптираме, но нема ништо големо за што би се пожалила“

Сопругот го комплицира животот

„Немам ништо против свекорот и свекрвата, освен тоа што имаме различни погледи поради возрасната разлика. Но навистина сум разочарана од начинот на којшто сопругот се справува со расправиите помеѓу мене и свекрвата. Како непишано правило е да ја заземе нејзината страна, а потоа да ме теши во спалната. Неодамна таа рече нешто против моите родители, а сопругот очекуваше да молчам. Бев навистина гневна и ова очигледно ми го уништува бракот.“

zhenite-spodeluvaat-dali-zhiveenjeto-so-svekorot-i-svekrvata-e-dobro-za-brakot-02.jpg

Имам проблеми

„Свекрвата отсекогаш била домаќинка и очекува јас да ги завршувам сите домашни обврски, иако сум на работа од 9 до 17 часот. СО сопругот неколку пати ѝ препорачавме да најми чистачка за која ќе платиме ние. Но, таа смета дека само сакам да трошам и постојано кажува како успешно го водела домот сè досега. Очигледно не можам да си ја уништам кариерата, ниту пак да дозволам бракот да ми страда. Па имам проблеми, но се обидувам да најдам некоја средина.“

Сакам да се преселиме

„Навистина ги сакам и почитувам свекорот и свекрвата, но сакам да се преселам во друга куќа во истото соседство. На овој начин ќе имам повеќе личен простор, а ќе можам често да ги посетувам. Искрено не ми се допаѓа кога ми зборуваат за мојот избор на облека, за моите навики за јадење или кога постојано прашуваат каде сум. Преселувањето во друга куќа ми изгледа подобра опција за мојот брак.“

zhenite-spodeluvaat-dali-zhiveenjeto-so-svekorot-i-svekrvata-e-dobro-za-brakot-03.jpg

Ги гледам како родители

„Моите свекор и свекрва се либерални и животот ми стана навистина интересен после бракот. Доаѓам од навистина конзервативно семејство и имав многу рестрикции од родителите. Иако можеби ги имале најдобрите намери, никогаш не смеев да се забавувам, да пијам алкохол, да носам фустани или да се враќам дома доцна. На мое големо изненадување, свекорот и свекрвата се многу поразлични и не прават проблем за ништо. Само сакаат да ги знаат нашите планови, и тоа е сè.“

Ми недостигаат родителите

„Прифатив дека свекорот и свекрвата нема да се грижат и да се однесуваат кон мене како кон нивна ќерка. Ги гледам како тајно ѝ даваат подароци на ќерка им, како ја советуваат и секогаш се загрижени за нејзиното здравје. Понекогаш се чувствувам како странец и мислам дека би било подобро да се иселиме со сопругот.“

zhenite-spodeluvaat-dali-zhiveenjeto-so-svekorot-i-svekrvata-e-dobro-za-brakot-04.jpg

Си има и добри и лоши страни

„Живеењето со свекор и свекрва има свои предности и недостатоци. Тие се добри луѓе и ги почитувам. Ме поддржуваат, но врската што ја имам со нив е многу кревка. Размислувам два пати пред да кажам што било пред нив и понекогаш барам дозвола за да одам некаде. Постојано се прашувам што мислат за мене.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg