6 причини заради кои луѓето ги изневеруваат партнерите и како да ги избегнете

Пред да ги обвините луѓето кои изневеруваат, сетете се дека можеби има причина за тоа, па за да не се најдете во таква ситуација, обрнете внимание на неколку фактори од кои зависи изневерувањето.

7-prichini-zaradi-koi-lugjeto-gi-izneveruvaat-partnerite-i-kako-da-gi-izbegnete-01.jpg

Луѓето најчесто изневеруваат заради некаков недостаток во врската, но, сепак тоа не е изговор и секогаш е најдобро прво да се обидете да ги решите проблемите.

Затоа, добро е да ги знаете најчестите причини за изневерување и да се обидете да ги избегнете во вашата врска:

Недостаток на страст во врската

Ова е најчестата причина за изневерување, според истражувањата.

Како да ја избегнете:

  • Разговарајте со партнерот, бидете отворени за потребите
  • Не се плашете да експериментирате
  • Може да посетувате психолог доколку мислите дека проблемот е подлабок

7-prichini-zaradi-koi-lugjeto-gi-izneveruvaat-partnerite-i-kako-da-gi-izbegnete-02.jpg

Недостаток на емоционално задоволство

Ова може да биде многу опасно бидејќи ако некој од партнерите не чувствува емоционална интимност, може да си најде друг извор на среќа.

Како да ја избегнете:

  • Работете заедно да создадете нешто значајно за вас како пар
  • Бидете одговорни за делата, ако направите грешка, решете ги проблемите
  • Балансирајте помеѓу работата и приватниот живот
  • Почитувајте го мислењето на партнерот

7-prichini-zaradi-koi-lugjeto-gi-izneveruvaat-partnerite-i-kako-da-gi-izbegnete-03.jpg

Партнерот се заљубил во друг/а или веќе не ве сака

Ова е веројатно најболната причина, но љубовта понекогаш може да биде комплицирана и да ве изненади кога не очекувате.

Како да ја избегнете:

  • Секоја врска има предизвици, никој не е совршен и прифатете го тоа.
  • Бидете романтични со партнерот и не го запоставувајте.
  • Преземете акција, добро е некој да ви ги исполнува сите желби, но мора некогаш и вие да направите нешто.
  • Почитувајте ја независноста на партнерот, како и својата.
  • Не ги форсирајте работите.

7-prichini-zaradi-koi-lugjeto-gi-izneveruvaat-partnerite-i-kako-da-gi-izbegnete-04.jpg

Љубопитност за нови искуства

Социјални мрежи, провокативни фотки, теретана, апликации за запознавање нови луѓе и онлајн состаноци – во денешно време секаде може да паднете во искушение да пробате нешто ново.

Многупати луѓето сакаат да видат дали уште се способни да заведат некого и сакаат да пробаат нови искуства.

Како да ја избегнете:

  • Наместо да го контролирате партнерот, контролирајте се себеси и трудете се да не го запоставувате на ниту едно поле и научете што сакате од врската

7-prichini-zaradi-koi-lugjeto-gi-izneveruvaat-partnerite-i-kako-da-gi-izbegnete-05.jpg

Неспособност да се обврзат

За некои луѓе, врската не е само да се има физички партнер, туку е многу повеќе. Некои пак, се поотворени на ова поле и не им пречи да не се обврзуваат.

Како да ја избегнете:

  • Овој проблем треба да го решите уште на почеток и да расчистите дали сакате традиционална или модерна врска. Ако не се согласувате, не продолжувајте понатаму.

7-prichini-zaradi-koi-lugjeto-gi-izneveruvaat-partnerite-i-kako-da-gi-izbegnete-06.jpg

На врската ѝ е потребно зачинување

И секако, кога врската ќе стане монотона, некои паѓаат на искушенија за да им се случи промена во врската, па мислат дека изневерувањето е решение.

Како да ја избегнете:

  • Додадете малку жар во врската! Не ги оставајте работите монотони и не дозволувајте да стане здодевно. Кога ќе забележите дека имате недостаток на драма, зачинете ја врската со различни активности.

7-prichini-zaradi-koi-lugjeto-gi-izneveruvaat-partnerite-i-kako-da-gi-izbegnete-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg