„Не можам да постигнам оргазам со пенетративен секс“ - женски исповеди „зошто глумам оргазам“
Не сум многу добра актерка, но многу пати со поранешното момче се случувало кога ќе ме праша дали сум доживеала оргазам да одговорам „да“.
Ако сте жена, тогаш многу е голема веројатноста дека некогаш во животот сте одглумиле оргазам.
Всушност, според едно истражување жените глумат оргазам при секој трет сексуален однос.
На прашањето зошто глумат оргазам некои жени одговараат:
„Го правам тоа постојано. Мажите навистина се неталентирани кога треба да направат да постигнете оргазам. Ќе ве тријат додека кожата не ви излезе, па понекогаш сакам да го сопрам тоа. На маж никогаш не сум кажала дека сум одглумила затоа што така ќе ја повредам неговата машкост.“
„Речиси и не глумам оргазам, а кога го правам тоа е за да ги забрзам работите, а не за да му влијаам позитивно на егото. Понекогаш сакам да спијам и глумењето само го забрзува процесот.“
„Еден тип едноставно не сакаше да сопре, а вагината ми беше сува од секс со часови, па одглумив оргазам. Не ја гледам поентата зошто се трудеше, кога однапред му кажав дека само од пенетративен секс не можам да постигнам оргазам, мора малку да ги зачини работите.“
„Сум одглумела милион оргазми за да ги размрдам малку работите. Имам малку верба во способноста на мажите да ме доведат до врвот. Успевам само со мојот вибратор.“
„Не сум многу добра актерка, но многу пати со поранешното момче се случувало кога ќе ме праша дали сум доживеала оргазам да одговорам „да“. Знам дека е ужасно и дека не помага никому, но глупаво ми беше да кажам отворено.“
С. С. | Црнобело