Една карактеристика која жените од целиот свет ја бараат кај мажите
Што ви е приоритет при изборот на партнерот? Која карактеристика е неопходно да ја поседува?
Дали е смислата за хумор? Страсниот секс? Спуштањето на капакот од шолјата? Која карактеристика кај мажите ги привлекува жените?
Сите овие имаат своја улога, но топ приоритет карактеристика кај мажите за жените од целиот свет е добрината.
Истражувањето на компанијата Clue направено на 68.000 испитаници покажува дека најпосакувана карактеристика кај партнерот е добрината.
Потоа следат поддршката, интелигенцијата, образованието и довербата.
Во споредба со овие клучни карактеристики, телото, атрактивното лице и финансиската сигурност се гледаат само како умерено важни карактеристики.
И кога ќе размислите подобро, добрината навистина е на прво место. Дури и да има хемија, ве смее и сексот е добар, ако во најголемиот дел од времето тој е дрзок и некултурен кон вас, тогаш сè е залудно. Сите имаме потреба да бидеме сакани и третирани добро.
„Добрината е како гравитацијата, основна, но малку забележителна сè додека ја снема“, вели еден од истражувачите.
С. С. | Црнобело