Кога ја запоставуваш жената ѝ правиш услуга да сфати дека не ѝ требаш
Никогаш, апсолутно никогаш во животот не треба да ја игнорираш и запоставуваш жената затоа што така ќе ја изгубиш.
Кога станува збор за љубовта жената најмногу мрази да биде игнорирана од мажот што го сака. Не е важно колку е долга врската, таа секогаш сака да се вложи напор за неа и да ѝ се покаже љубов.
Таа не сака да моли за внимание и можеби еднаш или два пати ќе те предупреди, но потоа самата ќе си се стави во фокусот на вниманието.
Ќе сфати дека вреди и дека заслужува повеќе, дека таа е прекрасна жена однадвор и однатре.
Кога ја игнорираш, ти ѝ правиш услуга да искуси како изгледа животот без тебе и да сфати дека не си ѝ потребен.
Кога не и враќаш на пораките, не ѝ одговараш на повиците, таа сфаќа дека само губи време со тебе.
Колку повеќе ја игнорираш, толку повеќе таа се навикнува на животот без тебе. И пред да се освестиш, таа ќе ти каже збогум.
Можеби живееш во фантазијата дека ти ќе ја игнорираш, а таа секогаш ќе седи во ќошот и ќе те чека. Лажно претпоставуваш дека секогаш ќе биде тука за тебе затоа што те сака многу.
Но, жалам што ќе ти ја уништам илузијата. Но, квалитетна жена знае кога е доста, знае да препознае непочит и да си замине кога гледа дека некој ја зема здраво за готово.
Ти повеќе не ја каниш на вечера, ниту разговараш со неа за време на вечерите, не ѝ даваш комплименти, не ѝ покажуваш дека нејзиното присуство ти е неопходно, па така таа верува дека повеќе не ја сакаш.
Ниту една жена не треба да се чувствува игнорирано и несакано од својот партнер.
Таа минала низ разни работи со тебе и за тебе, затоа минувај време со неа, сакај ја, цени ја, пред да биде предоцна.
Немој да ја учиш како да живее без тебе.
Ќе се каеш потоа.
С. С. | Црнобело