Тој има мускулна атрофија, таа го сака таков каков што е - уникатен пар руши предрасуди (фото)
„Таа ми помага да си го поткренам пивото, но тоа не ја намалува нејзината љубов кон мене“, вели инспиративниот Шејн за својата прекрасна партнерка.
Шејн Бурко и Хана Аjлвард се нетипичен пар. Шејн има спинална мускулна атрофија, вид на мускулна атрофија поради која мускулите му се неверојатно слаби, и постојано му е потребна помош на неговата партнерка и семејството.
Тие го имаат Јутуб каналот „Squirmy and Grubs“ со повеќе од 426.000 претплатници каде прикажуваат како изгледа нивното секојдневие и Шејн испраќа порака дека и луѓето со посебни потреби се рамноправни членови на општеството.
Шејн неодамна ја запроси Хана, а таа го прифати предлогот.
Во една пригода Шејн изјави: „Таа ми помага да си го поткренам пивото, но тоа не ја намалува нејзината љубов кон мене.“
Неговата цел е да покаже дека сите луѓе може да имаат среќни и успешни животи.
Хана му помага на Шејн да стане, да се истушира, да јаде бидејќи Шејн не може сам поради неговата состојба. Но, и покрај препреките тие се обидуваат да водат сосема нормален живот, како сите други парови.
Шејн има напишано две книги во кои открива дека успеваат да функционираат и ги негира сите обвинувања од луѓето дека нивната врска е лажна и дека тој ѝ плаќал на Хана за да биде со него.
Фотки од парот: