Дали лошиот секс е доволна причина да се прекине врската?
Почнавте да се гледате со нова личност и сè е како во бајка. Тој / Таа ви ви обрнува внимание, ве слуша и се грижи за вас, но кога конечно ќе стигнете до креветот…сексот е лош, многу лош.
Што да направите во случај на „добар на хартија, лош во кревет“? Оваа поговорка постои уште од античко време, но вистинското прашање е, всушност: „Дали лошиот секс треба да биде крај на добра врска?“
Не мора, бидејќи постојат неколку работи кои можете да ги направите во таа ситуација.
Најдете ја причината
Дали сексот беше лош само затоа што немаше хемија меѓу вас или се плашите да кажете што ви се допаѓа и што сакате?
Ако изворот на проблемот е второто, експертите советуваат да му кажете (и покажете) на вашиот партнер што сакате во кревет, бидејќи другото лице не може да ги прочита вашите мисли.
Меѓутоа, ако давате „насоки“, а сексот е повторно лош, треба да се запрашате што точно ви недостасува - сексуална хемија или компатибилност?
Сексуалната компатибилност е важна во односите, бидејќи, за разлика од инстант сексуалната хемија што може да исчезне со текот на времето, можете да работите заедно на компатибилноста. Сексот е еден вид невербална комуникација.
Зборувајте за проблемот
Ситуацијата може да се реши без драматичното: „Треба да разговараме“. Наместо тоа, пробајте повеќе нежен пристап - прашајте го вашиот партнер како се чувствува и што сака во креветот.
Ако сфати дека неговите потреби ви се важни, ќе сфати и дека вашите сексуални потреби треба да бидат приоритет. Меѓутоа, можеби вашиот партнер има емоционален или физички проблем за кој сè уште не е спремен да зборува.
Креирајте сексуална тензија
Експертите веруваат дека една од причините зошто сексот може да биде лош е недостаток на сексуална тензија помеѓу две лица. За да го „запалите оганот“ можете да испраќате секси пораки во текот на денот или да пробате сугестивни допири.
Може ли таквиот однос да стане успешен?
Решавањето на проблемите игра голема улога во секоја успешна врска, па ако можете да работите заедно за да го решите овој незгоден проблем, ќе имате потенцијално долга и успешна врска.
Ова звучи малку поетски, но зборување за проблемите и изнаоѓање на решенија, за заемно задоволство, е клучот за успехот во врската.
Ашера | Црнобело