Најчести грешки кои мажите и жените ги прават за време на сексот
Како и во животот, така и во интимните односи, не оди баш сè лесно и мазно. Понекогаш се поткраднуваат мали гафови, коишто му го расипуваат на партнерот расположението. А, некои константно се повторуваат.
Кои се тие? Одговорот на ова прашање го дава истражувањето на Illicit Encounters, британската агенција за поврзување на љубовни двојки. Во спроведената анкета зеле учество над 2200 мажи и жени, откривајќи кои се грешките што нивните партнери најчесто ги прават за време на сексот.
Според жените, најчестите грешки кои мажите ги прават за време на сексот се:
1. Ја прескокнуваат предиграта.
2. Први постигнуваат оргазам.
3. Не се доволно спремни и вешти.
4. Безобразните муабети ги водат на остар начин.
5. Недостасува комуникација и интимност после сексот.
6. Заспиваат веднаш по односот.
7. Коментираат како изгледа телото на жената.
8. Претпоставуваат дека знаат што таа сака.
9. Се држат до она што го наумиле и го игнорираат говорот на телото на партнерката.
10. Го сметаат сексот исклучиво за физички однос без емоции.
Според мажите, најчестите грешки кои жените ги прават за време на сексот се:
1. Им недостасува иницијатива.
2. Секогаш преферираат секс во темница.
3. Глумат оргазам.
4. Премногу зборуваат во текот на односот.
5. Не сакаат да испробуваат нови нешта.
6. Споменуваат каков бил претходниот љубовник во кревет.
7. Прекумерно размислуваат за време на сексот.
8. Претерано се срамежливи.
9. Веруваат дека мажите постојано се спремни за секс.
10. Многу се грижат за тоа како изгледаат.
М. А. | Црнобело