Што кажуваат линиите на вашата дланка за вашиот љубовен живот?

Покрај тоа што како мали си ја „предвидувавме“ иднината, многу луѓе ширум светот ден-денес го користат „читањето“ од дланка обидувајќи се да откријат нешто за нивната судбина. А многумина, пак, се обидуваат да дознаат нешто повеќе за нивниот љубовен живот. 

shto-kazhuvaat-liniite-na-vashata-dlanka-za-vashiot-ljuboven-zhivot-01.jpg

Сега и вие можете да се обидeте да претскажете што ве очекува во љубовта со овој краток водич за читање од дланка, но секако, сфатете го како забава. 

Што кажуваат линиите на дланката за љубовниот живот? 

Ридот на Венера

Ридот на Венера се наоѓа на основата на палецот и го покажува квалитетот на врските, сексот и физичкиот потенцијал. Доколку овој дел од дланката е малку подигнат, тоа е знак за добри односи со партнерот и пријателите.

Прекинатите линии и засеци укажуваат на напнати односи. Доколку забележите симбол во форма на ѕвезда, тоа е знак за добар брак. Доколку овој дел од дланката е со форма на квадрат, тоа значи дека вашите родители ќе се согласат со вашиот брак.

Здравата боја на овој дел укажува на изобилство од љубов и сочувство од вашиот партнер, но и дека сте добар родител. Доколку бојата е црвена, тогаш најверојатно сте импулсивни. Доколку овој дел од дланката е мал, тоа може да биде знак за проблеми при породување.

shto-kazhuvaat-liniite-na-vashata-dlanka-za-vashiot-ljuboven-zhivot-02.jpg

Буквата М

Доколку го забележите овој симбол на вашата дланка, тоа е знак дека сте надарени и имате одлична интуиција. Луѓето со овој симбол ретко лажат и воопшто не го сакаат лажењето на другите. Поради нивната развиена интуиција секогаш ги дознаваат лагите и неверствата.

За жените со овој симбол се верува дека имаат посилна интуиција од мажите. Исто така, овие луѓе имаат моќ да ги направат неопходните промени во животот. Според народните традиции, многу познати луѓе од минатото, вклучувајќи пророци и големи лидери, го имале овој симбол на нивната дланка.

Доколку го имате овој симбол, секогаш кога ќе го погледнете потсетувајте се на тоа дека вие сте посебна личност способна да направи сè.

shto-kazhuvaat-liniite-na-vashata-dlanka-za-vashiot-ljuboven-zhivot-03.jpg

Линија на срцето

Линијата на срцето ги означува компатибилноста, страста и емоциите. Доколку линијата е подолга и непрекината, е знак за грижливост и разбирање, па овие луѓе имаат поздрави врски и бракови.

Доколу линијата е кратка, тоа може да биде знак дека барате многу, слободно размислувате и преземате ризици за вашата љубов. Целта на вашиот живот се луксузот и удобноста и вие сте навистина свесна личност.

shto-kazhuvaat-liniite-na-vashata-dlanka-za-vashiot-ljuboven-zhivot-04.jpg

Линии на бракот

Доколку имате една линија, тоа е знак за среќен брак. Двете линии ја означуваат здравата сексуална врска со партнерот. Три линии се знак за некаква афера.

Доколку долните делови од прстите ви се малку подебели, тоа е знак дека сте личност која бара многу во сексот и неретко вашите врски не сте стабилни. Но, доколку горната линија на бракот е лесно воочлива, тоа значи дека сте грижливи и романтични.

shto-kazhuvaat-liniite-na-vashata-dlanka-za-vashiot-ljuboven-zhivot-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg