5 причини зошто разводот е подобра опција од лошиот брак
Кога луѓето ќе се венчаат секогаш веруваат дека ќе останат заедно до крајот на својот живот. Но за жал, статистиката покажува многу различни резултати - еден од четири бракови завршува со развод.
Дури и кога е тешко да се признае дека бракот едноставно не функционира, не треба да се вознемирувате, бидејќи постојат многу добри работи што разводот може да ви ги донесе.
Ви даваме 5 причини зошто е подобро да се разведете отколку да останете во лош брак:
1. Ќе имате поголема шанса да ја запознаете вистинската личност
Кога сте во брак се обидувате да се држите настрана од спротивниот пол, за вашиот партнер да не биде љубоморен. На овој начин ќе пропуштите многу можности и луѓе со кои можете да се дружите.
По неуспешниот брак ќе имате многу искуства, кои ќе ви ја отворат вратата повторно да се заљубите и да ја најдете вистинска личност за вас.
Всушност, некои истражувања покажуваат дека е помалку веројатно дека луѓето ќе се разведат по втор пат, бидејќи знаат што бараат во својот партнер.
2. Целата енергија можете да ја фокусирате на себе и на ваш личен напредок
Ако останете долго во нездрав брак, вашата емоционална благосостојба секогаш ќе биде во прашање. Можете да почнете да чувствувате дека сте почнале да се губите.
Се сеќавате ли на старите работи и хобија кои ве задоволувале? Дали вашиот брачен партнер ги поддржува вашите одлуки? Дали уживате во животот во овој момент?
Ако вашите одговори се „не“, можеби е време да направите некои промени во вашиот живот.
3. Ќе бидете посреќни
Кога ќе излезете од лош брак, ќе го изгубите својот брачен партнер, но ќе добиете среќа. Животот е премногу краток за да бидете во нездрави врски.
Се разбира, разводот може да биде шок на почетокот, но подоцна ќе можете да го отворите новото поглавје во вашиот живот, поубаво од претходното.
Имено, некои истражувања покажуваат дека и мажите и жените се чувствуваат поуспешно по завршувањето на бракот, бидејќи се чувствуваат повеќе задоволни со своите животи.
4. Ќе го подобрите своето здравје
Повеќето луѓе веруваат дека бракот може да го подобри вашето здравје, но во случај на лош брак, тоа воопшто не функционира.
Напротив, несреќниот брак може да го влоши вашето здравје, физичко и ментално.
5. Ќе изгледате подобро
Дури и ако немате намера да одите на диета после разводот, ќе приметите некои неочекувани промени во вашиот изглед. Многу луѓе признаваат дека се трансформирани однатре, бидејќи почнуваат да се чувствуваат подобро и поживо.
По голема транзиција, како што е развод, повеќето луѓе намерно го менуваат својот изглед - почнуваат да работат на своето тело, да купуваат нова гардероба, да користат шминка, да прават нова фризура и сл.
Ашера | Црнобело