Зошто интелигентните луѓе тешко одржуваат љубовни врски?
Интелигенцијата е сила, но во љубовните односи истата не помага, објаснуваат научниците. Интелектуализација или прекумерно размислување е штетно во врските, бидејќи е потешко емоционално да се поврземе со друго лице.
Имено, интелектуализација е термин, кој во психологијата значи дефанзивен механизам, кој интелигентните луѓе го користат несвесно за да не бидат повредени.
Во контекст на романтична врска, ваквото однесување е деструктивно. Таквите луѓе несвесно ги блокираат подлабоките емоции за да се заштитат од чувства без кои врската не може да функционира.
Експертите објаснуваат дека емпатија и одговорност помагаат да се задржи емоционална блискост во врската.
Првото е обид да се разбере перспективата на партнерот или емпатија. Луѓето кои сакаат да имаат квалитетна врска се обидуваат да разберат како се чувствува нивниот партнер.
Друга важна работа за квалитетен однос е одговорноста, способноста за откривање на сопствените грешки и признавањето дека нешто не е во ред.
Интелигентните луѓе често имаат проблеми со егото, што исто така, ја нарушува врската. Потешко ја признаваат вината, или им треба повеќе време да се покаат.
Таквите луѓе ги игнорираат чувствата на партнерот и постојано утврдуваат факти, исто така ги преиспитуваат грешките на партнерот.
Интелигентните луѓе имаат високи одбранбени механизми, па ретко му даваат можност на партнерот да се изјасни како се чувствува. Кога разговараат, ги губат емоциите, затоа не можат да чувствуваат емпатија.
Ако во емоционалните односи ве кочи интелектот, психолозите тврдат дека прво треба да станете свесни за вашиот проблем. Кога ќе бидете свесни, треба да се обидете да го промените вашиот став кон врската, како и однесувањето.
Освен што размислувате со вашата глава, треба да размислите и за емоциите во дискусијата, за да можете да почувствувате емпатија.
Психолозите тврдат дека само на овој начин ќе можете да ја разберете другата страна, да се ставите во кожата на партнерот. Понекогаш треба да престанете постојано да ги анализирате своите грешки и да уживате во вашата врска.
Ашера | Црнобело