Ситуации во кои врската или ќе успее засекогаш или ќе пукне
Без оглед на тоа дали сте во долга врска, брак или само што започнавте нова врска, постојат одредени ситуации кои ќе ја стават вашата врска на тест.
Ако е време вашата врска да напредува и да премине на следно ниво, во овие ситуации можете да видите дали сте подготвени за тоа, бидејќи истите ќе ја тестираат вашата врска.
Запознавање со пријателите
Пред да ве запознае со родителите, вашиот партнер ќе ве презентира на своите блиски пријатели. Некои луѓе го ценат мислењето на пријателите, па им е важно да се согласат со нивниот нов партнер.
Доколку не зборувате премногу, можеби ќе ве доживеат како резервирана личност, а доколку зборувате премногу како наметлива личност. Тоа секако не е добро за врската.
Кога ќе ги запознаете пријателите на вашиот партнер, бидете она што сте и сигурно ќе разберат зошто толку многу ве сака.
Одмор
Без разлика дали одите на одмор со уште еден пар или сами, ова може да биде или прекрасен или стресен период.
Ако претходно сте оделе на одмор заедно, ќе знаете дали вашиот партнер сака да се одмора или сала да биде активен. Меѓутоа, ако не ги знаете неговите навики, пред да организирате сè, дознајте нешто повеќе за ова.
Патување со автомобил
Дали ќе биде вознемирен ако се изгубите, колку време ќе му треба да застане и да побара насоки, дали ќе ви дозволи да ја изберете следната песна на радиото, дали ќе прави чести паузи за да уживате во локалитетите, дали ќе ви дозволи вие да возите?
Во овие патувања партнерот ќе ви го покаже вистинското лице. Затоа, бидете подготвени за сè, ако сакате да ја тестирате вашата врска на овој начин.
Заеднички живот
Дали сакате да го поминувате времето заедно и да спиете еден кај друг? Ова може да значи дека треба да започнете да живеете заедно. Сепак, едно е да преспиете кај некој, а сосема е друго да ја споделувате бањата.
Пред да започнете да живеете заедно, поминете неколку ноќи заедно. Ставете дел од вашите работи во празна фиока. Ова може да биде тест кој ќе ви покаже дали сте навистина подготвени да живеете заедно.
Располагање со пари
Споделување и располагање со пари може да предизвика кавга. Сепак, ова може да се спречи, ако се договорите како ќе изгледа вашиот буџет за трошење.
Ашера | Црнобело