Мајки советуваат – како да знаете дека сте ја сретнале љубовта на вашиот живот?

Доколку сте биле вљубени и претходно, но овој пат ви изгледа поразлично, сигурно се прашувате дали можеби сте ја сретнале љубовта на вашиот живот. 

majki-sovetuvaat-kako-da-znaete-deka-ste-ja-sretnale-ljubovta-na-vashiot-zhivot-001.jpg

Понекогаш вљубувањето може да биде баш како на филм. Постојат моменти кога ќе го погледнете партнерот во очите и знаете дека сте на вистинското место со вистинската личност.

Но, понекогаш љубовта е тешка, болна и полна со фрустрации. Сепак, едно нешто е сигурно – кога ви е потребен совет, особено љубовен, мајките го имаат најдобриот.

Иако можеби имате мајка која може да ви помогне, секогаш можете да научите што ново и од мудроста на другите мајки.

Погледнете што имаат да кажат неколку мајки за љубовта на вашиот живот.

Ќе знаете дека е нешто посебно

„Ќе се чувствувате правилно и посебно. Ќе помислите дека можете да видите среќна, заедничка иднина со таа личност. Едноставно ќе знаете дека има нешто посебно кај партнерот, а тоа само ќе расте.“ - Дона, 54

Ќе уживате и во здодевните нешта

„Ќе знаете кога ќе уживате дури и во најобичните нешта со партнерот. Одењето до пошта или до продавница. Ќе бидете среќни да правите мали нешта или мали жртви за него. Ќе сакате да го видите дури и кога сте уморни. Ќе сакате да го видите дури и кога е здодевно или кога не е секси или возбудливо.“ - Морин, 60

Ќе биде лесно

„Лесно е. Само венчајте се со некој со кого можете да се смеете и не сфаќајте се премногу сериозно.“ - Кимба, 48

Ќе се чувствувате безбедно

„Ќе се чувствувате безбедно и во контрола, но сепак ќе бидете возбудени, како да сакате да живеете цел живот со оваа личност. Тоа не е здодевно, туку стабилно.“ - Ирина, 59

znaci-deka-ste-ja-sretnale-ljubovta-na-vashiot-zhivot-spored-8-majki-03.jpg

Ќе чувствувате возбуда

„Ќе ја чувствувате возбудата. Треба да ја чекате возбудата.“ - Лена, 50

Ќе ве предизвикува

„Оваа личност ќе го извади најдоброто од вас, но и ќе истакне каде треба да созреете. Оваа личност ќе ве предизвикува и ќе ве направи подобри, а уште поважно, ќе направи да сакате да бидете подобри.

Не е постојано совршено или лесно, но ќе сакате заедно да ги надминете тешките периоди.“ - Хедер, 55

Ќе го сакате најдоброто еден за друг

„Ако знаете дека партнерот имал напорен ден на работа, нема да се налутите ако не сака да излегува со вашите пријатели. Ако знаете дека семејството му е навистина важно, ќе ја слушате неговата приказна за Велигден 90 пати. Знаете што е најдобро за вас двајцата, не само она што е најлесно.“ - Лиса, 49

Можете да му кажете сè

„Кога љубовта е вистинска, не треба да погодувате или да се прашувате. Нема да се цензурирате или да се грижите дека не сте на истата страница.

Ќе можете да му кажете на партнерот што било, да го прашате што било и да спомнете што било, и ќе знаете дека нема да ве натера да се сомневате во нешто.“ - Кејт, 46

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg