Драга жено што очајно пробуваш да го поправиш партнерот - ти не си му психијатар
Гледам дека се трудиш премногу. Гледам дека си одлучна да му помогнеш на овој маж и да го поддржиш на секој чекор.
Ти си грижлива, полна со поддршка и љубов и секогаш си тука за него.
Ти си тип на жена за која секој сонува. Тип на жена за каква мажите пишуваат романи.
Ангел.
Но, исто така гледам нешто кое ти изгледа не го забележуваш. Гледам како го трошиш целото свое време во откривање и решавање на неговите проблеми. Гледам дека полудуваш затоа што тој не може да се справи со своите предизвици.
Гледам дека го губиш трпението затоа што чувствуваш дека не ја добиваш истата доза на внимание и љубов од него.
Гледајќи те така и чувствувајќи ја болката во тебе ми доаѓа желба да ти кажам:
Ти не си му психијатар, ниту некогаш треба да му бидеш.
Не велам дека да комуницираш со твојот партнер и да му бидеш поддршка е лошо. Само велам дека треба да има цврста граница помеѓу грижлива партнерка и претворање во 24-часовен решавач на неговите проблеми.
Не дозволувај тоа да се случи. Не ти е потребна незрела личност која не знае како да одржи баланс во животот. Не ти е потребен нечиј облак да ти тежи секој ден.
Сите наоколу водат битки, но тоа го прават сами. Бидејќи тие се возрасни личности, кои знаат дека треба да се грижат за себе.
Мисли и ти на себе. Кој ќе се грижи за тебе кога ќе паднеш?
Не се жртвувај себе и своето ментално здравје за некој друг.
Љубовта е взаемна грижа еден за друг. Во спротивно, не е љубов. Така само ќе бидеш негов психијатар и негова вечна жртва.
Не е твоја работа да го поправиш партнерот. Наместо тоа, фокусирај се на своето добро.