Едностраната љубов не е љубов и точка
Секоја ноќ се прашуваш дали вредиш. Зошто не си доволна, зошто не си избраната. Лежиш во креветот и си премотуваш во главата - мора нешто да си погрешила, мора да е до тебе.
Едностраната љубов не е љубов. Тоа е измачување.
Тоа е чекање на нешто кое никогаш нема да се случи. Тоа е гледање во некој кој не те гледа.
Тоа е мислење константно на некој на кој не му паѓаш на ум. Тоа е зјапање во телефонот и чекање на порака залудно.
Се бориш со своите емоции, се бориш со реалноста. Веруваш во своите фантазии и одиш против тоа што луѓето ти го велат. Тоа е битка која не можеш да ја добиеш.
Одиш против својата интуиција. Против срцето. Губиш одново и одново.
Се предаваш на нешто кое порано или подоцна ќе те уништи.
Ти само даваш, а другата личност само зема. Правиш сè за да успее, но другата личност не ни размислува за тоа.
Ти плачеш, а другата личност се смее.
Се уништуваш себеси. Секоја ноќ се прашуваш дали вредиш. Зошто не си доволна, зошто не си избраната.
Лежиш во креветот и си премотуваш што сè си кажала и направила, мора нешто да си погрешила, мора да е до тебе.
Чувствуваш дека никогаш нема да бидеш сакана.
Но, вистинската љубов не е еднострана. Таа е разбирање, заедничко патување, избирање еден на друг, прифаќање еден на друг и сакање дури и во најлошото. Сплотеност на двајца луѓе кои си ветуваат да бидат тука еден за друг и во добро и во зло.
Тоа е лојалност, посветеност, интимност, длабочина, сила, причина за живот, причина за верба во животот.
Вистинската љубов лекува, а едностраната крши и повредува. Едностраната љубов е поетски термин за страдање. Ништо повеќе.
С. С. | Црнобело