Кои се машките ерогени зони?
За повеќето мажи, сексот е многу поважен од предиграта. Но, секако и тие имаат места на телото коишто ги возбудуваат, посебно ако се допрени од жена. Почнуваме...
УШИТЕ
Нервите што се наоѓаат на ушната школка се директно поврзани со сексуалните органи. Поради ова мажите сакаат кога девојките ги бакнуваат по уво. Со самото дишење и шепотење во уво можете да го излудите!
КОСАТА
Најдобриот пат да го излудите вашиот дечко е да почнете да го милувате по косата и да го бакнувате во пределот вратот, ушите и рамената...
УСНИТЕ
Усните не постојат само за страствени бакнежи, туку и за допирање, лижење, гризење... Ова е сигурно делот од предиграта во кој мажите најмногу уживаат.
БРАДАВИЦИТЕ
Постојат 2 групи на мажи. Првата група се осетливи и сакаат нивните брадавици да бидат допирани, скоро исто колку и жените. Втората група се чувствуваат непријатно бидејќи тогаш имаат чувство дека се “голи”. Затоа, прашајте го вашиот партнер што сака и уживајте!
ВНАТРЕШНОСТА НА РАЦЕТЕ
Многу мажи не се ни свесни дека тоа е една од нивните ерогени зони. Затоа, изненадете го и полека галете го и мазете го по тој дел на рацете.
СТОМАКОТ
Секој допир со јазикот, усните или рацете по делот под папокот ќе ја разбуди желбата за водење љубов.
ПЕНИСОТ
Секаде во дијаметар од 20 цм околу неговата “гордост” е центарот на неговото задоволство.