Дали немажените жени се посреќни што се сами?
Без оглед на тоа што мислите за односите, факт е дека бројот на невенчаните жени расте. Тешко е да се каже зошто жените претпочитаат да останат сами или се можеби навистина посреќни сами?
Можеби се работи за демографска нееднаквост или за современиот свет, кој на жените не им остава друга опција. Жените инвестираат многу повеќе во односите од мажите.
Се разбира, ова е генерализација, но никој не треба да биде изненаден што жените вложуваат повеќе напори за градење и одржување на нивните односи.
Се чини дека по одреден временски период жените немаат желба да вложуваат енергија во љубовна врска. На возраст помеѓу 45 и 65 години, околу 32% од жените и само 19% од мажите изјавиле дека се задоволни сами.
Истражувањата покажале дека по раскинувањето на врската жените уживаат во осаменост, се фокусираат на сопствените потреби, и без чувство на вина, многу повеќе внимание и време си посветуваат на себе.
Дури 61% од немажените жени во Велика Британија велат дека се задоволни од нивниот статус.
Не постојат повеќе семејни обврски и нема постојано готвење. Тие велат дека љубовта едноставно престанува да биде центарот на нивниот живот. Истражувањето наведува дека жените откриваат друг вид љубов - љубов кон себе.
Ова не се ретки случаи. Дури 75% од немажените жени не биле заинтересирани за врска во изминатата година. Многу истражувачи се прашуваат - во што е проблемот?
Жените бараат вистинска љубов, но колку повеќе се сами, толку им е појасно дека можат да бидат сами. Тие немаат потреба за врски или запознавање на нови луѓе само за да не бидат сами.
Жените чекаат вистински, силни чувства, а своето слободно време го трошат работејќи на себе, ментално, физички, општествено… Тоа ги прави среќни и ја зголемува нивната самодоверба.
Истражувањето, исто така, покажало дека мажите се чувствуваат подобро во односите отколку жените. Жените сакаат социјални контакти, сакаат да се дружат со различни луѓе, додека мажите, генерално, се потпираат на нивните партнери и нивниот круг на луѓе.
Кога жената е сама има тенденција да има повеќе пријатели, додека мажите се помалку активни во проширувањето на нивните социјални мрежи.
Ашера | Црнобело