4 знаци кои покажуваат дека сте емоционално зависна личност
Ако сте заљубени во некој што сè уште не го познавате добро, ако не можете да престанете да размислувате за него и ако вашето расположение зависи од тоа дали сте го слушнале, односно виделе тој ден, тоа може да значи дека сте емоционално зависна личност.
Таквите луѓе имаат навика да го стават својот партнер на пиедестал и да го подредат целиот свој живот на својот партнер. Од друга страна, се обидуваат да го контролираат и кога работите не се одвиваат како што треба сакаат да глумат жртва и да уживаат во нивното страдање.
Однесувањето на емоционално зависните луѓе не е рецепт за љубов и здрава врска, што е понекогаш и најголема пречка за среќа и кохерентност во односите со партнерот.
Следните 4 знаци ќе ви кажат дали се однесувате како емоционално зависна личност:
1. Премногу го идеализирате вашиот партнер
Да се сака не значи да се идеализира. Сите имаме некои недостатоци и проблеми кои нè вознемируваат и кои не можат да се решат толку лесно. Здравите возрасни лица се свесни за нивните недостатоци, но исто така и за недостатоците на другите луѓе.
Емоционално зависните лица, од друга страна, првично ги идеализираат своите партнери, за на крајот да се разочараат кога ќе сфатат дека и тие се само луѓе.
Прескокнете го овој чекор и веднаш погледнете ја вистината и прифатете дека не сте во врска со совршена личност. Впрочем, кој е?
2. Ги запоставувате вашите пријатели да бидете со вашиот партнер
На почетокот на секоја врска природно е да бидете повеќе посветени на вашата нова љубов, отколку на старите пријатели.
Сепак, не дозволувајте да претерате и да изгубите контакт со луѓе кои претходно имале голема улога во вашиот живот.
Препорачливо е што поскоро да го запознаете партнерот со вашите пријателите за на време да го чуете нивното мислење за него. Тие ќе бидат искрени со вас ако препознаат дека сте во токсична врска.
3. Не можете да кажете „не“
Ако мислите дека со постојано афирмирање на сите предлози на вашиот партнер тој повеќе ќе ве сака или почитува, грешите. Само садистите ги сакаат луѓето кои секогаш ги почитуваат.
Не се ставајте себеси во втор план, туку научите да кажете „не“. Верувајте ни, вашиот партнер ќе ве цени и ќе почне да прави компромиси.
4. Робови на љубомора
Лошите искуства од минатото и стравот од осаменоста не треба да играат голема улога во вашето однесување кон новиот партнер. Ако редовно покажувате дека се сомневате во неговата лојалност, можете да го навредите и засекогаш да го избркате.
Чувството на љубомора не е добро за вас. Наместо да уживате во љубовта што ја добивате, трошите енергија во нервоза и размислување за работите кои во повеќето случаи се обична илузија.
Ашера | Црнобело