Постојат 3 начини да го преболите раскинувањето - Кој е најефикасен?

Без оглед на тоа како завршила љубовната врска, раскинувањето никогаш не е едноставен процес, ниту за оној што остава, ниту за оној што е оставен.

postojat-3-nacini-da-go-prebolite-raskinuvanjeto-koj-e-najefikasen-01.jpg

Така, процесот на преболување и тагување е сосема нормален, но сега науката вели дека има само еден единствен начин како преболувањето на биде побрзо, полесно, поефикасно.

Во истражувањето спроведено на 24 тазе раскинати парови, биле утврдени 3 начини на преболување:

Прв начин – Негативно перципирање на партнерот.

Во овој процес треба само да се сетите на сите негативности, лоши навики и постапки кои бившиот партнер ги правел често и честопати ви пречеле. На тој начин, љубовта се намалува, но може да минувате низ прилично непријатни емоции.

Втор начин – Став дека не мора да сте блиску до партнерот за да го сакате.

Прифаќањето дека засекогаш ќе имате емоции кон поранешниот партнер, но и прифаќањето дека не секогаш патиштата мора да ви се спојат, е вториот начин. Овој метод не ви ги менува емоциите, само ве тера да ја прифатите моменталната ситуација.

postojat-3-nacini-da-go-prebolite-raskinuvanjeto-koj-e-najefikasen-02.jpg

Трет начин – Метод на избегнување на темата.

Третата стратегија е да не разговарате за раскинувањето, да не се потсетувате на емоциите кои поранешниот партнер ви ги будел, да не правите работи кои сте ги правеле заедно. Иако делува како бегање од проблемот – сепак луѓето по извесно време почувствувале вистинско олеснување.

Сепак, има само еден ефективен начин, помеѓу сите 3, а тоа е првиот. Односно, негативното мислење и гледање на партнерот, им помогнало на најголем дел од луѓето.

Се согласувате дека најпаметен начин да го заборавите бившиот/бившата е да мислите на сите негови/нејзини маани?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg