8 карактеристики по кои ќе го познаете зрелиот и стабилен маж
Зрелоста не е наследна особина, па не секој може да ја достигне во текот на животот.
Иако мажите не сакаат да признаат, а жените со цело срце ќе се согласат, сепак има мажи кои и во подоцнежни години едноставно не се стабилни.
Ова се нивните 8 карактеристики по кои ќе ги познаете и процените:
1. Зрелиот маж не се плаши од неповолни околности и нема да избега во првата потешка кавга или ситуација.
2. Зрелиот маж може добро да поднесе критика и да се соочи со она што не го прави добро.
3. Стабилниот маж не ги крие емоциите и знае да разговара за нив.
4. Зрелиот маж никогаш не го потценува другиот човек.
5. Знае да ги почитува туѓите емоции и мисли, иако можеби не се согласува со нив.
6. Ја сака и почитува својата мајка, но не ја преминува границата до мамино синче.
7. Секогаш има план и ги поттикнува и другите да ги следат своите соништа.
8. Секогаш е отворен за позитивни комплименти и никогаш не е арогантен.
М. Д. | Црнобело