Зошто моќните и успешни жени немаат среќа во љубовта?

Првите неколку состаноци минуваат со смеа, шеги, забава, флерт и заинтересираност, но потоа сè спласнува... Зошто?

zoshto-mokjnite-i-uspeshni-zheni-nemaat-srekja-vo-ljubovta-02.jpg

Сè поголем е бројот на интелигентни жени кои се наоѓаат на одлични работни позиции, но едновремено не се успешни во љубовните врски.

Кој е проблемот? Зошто овие жени немаат среќа во љубовта?

Експертот за врски Семи Вондер тврди дека проблемот е во „машката енергија“ што ја носат. Ова значи дека сакаат да бидат доминантни и да ги контролираат случувањата на поле љубов, исто како на поле кариера, но во љубовта едноставно не е така.

zoshto-mokjnite-i-uspeshni-zheni-nemaat-srekja-vo-ljubovta-01.jpg

За да опстане една здрава врска треба да има спој од машка и женска енергија, затоа што овие спротивности се привлекуваат. Инаку, ако не се контролираат овие жени кон себе ќе привлечат само премногу пасивни мажи кои со задоволство цела контрола ќе им ја предадат ним.

Советот на Семи за овие жени е да научат да бидат порелаксирани во љубовта, понекогаш да предадат дел од контролата во туѓи раце и да почекаат некој да им ја отвори вратата.

zoshto-mokjnite-i-uspeshni-zheni-nemaat-srekja-vo-ljubovta-03.jpg

Да дадат простор во разговорите некој друг да ги импресионира нив, а не тие постојано да импресионираат. Да си дозволат на моменти да го спуштат штитот и да бидат ранливи.

Најважно е да запомнат дека маж не се вљубува во нив затоа што се ѕверки на професионално поле, туку затоа што почувствувал поврзаност со нив.

С. С. | Црнобело / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg