Како да одлучите дали вреди да останете пријатели со бившите?

Многу врски завршиле со зборовите „сепак можеме да бидеме пријатели“ и со подавање рака. Некогаш ова успева, некогаш не. Но, дали вреди трудот?

kako-da-odluchite-dali-vredi-da-ostanete-prijateli-so-bivshite-01.jpg

Одговорот на ова прашање не може да биде конкретен, бидејќи зависи од многу фактори. Кога ќе се свртите наназад, јасно ви е дека тој потег може да биде доста мазохистички, особено ако кај едниот сè уште постојат некакви емоции. Затоа треба да бидете сигурни дека зад таа намера, нема некои скриени трикови.

Статистички, ваквото пријателство може да ви успее со еден до двајца поранешни партнери, но во никој случај со сите. Дури и да имате најпријателски и најчисти намери, другиот може или да го игнорира тоа, да не го вреднува, па дури и да го злоупотреби за да ве повреди. Подготвени ли сте на тоа? Доколку одговорот е „не“, не инсистирајте.

Иако е тешко, некои од овие фактори ќе ви помогнат да одлучите дали вреди да останете пријатели со поранешниот партнер:

Каква беше вашата врска?

Дали беше сериозна? Дали водеше кон нешто повеќе од бакнежи и секс? Зошто раскинавте? Одговорите ќе ви помогнат да одлучите дали воопшто сакате да кажете „здраво“ по улица, а не пак да го имате поранешниот партнер за пријател.

Дали можеби имавте емотивен терор? Колку ја сакавте таа личност? Можете ли да издржите да гледате како продолжува со својот живот пред ваши очи? Земете ги предвид одговорите и на другата страна. Не ризикувајте да бидете нечија болка, додека го средувате својот живот.

kako-da-odluchite-dali-vredi-da-ostanete-prijateli-so-bivshite-02.jpg

Какво беше раскинувањето?

Која беше причината за да раскинете? Иако во првите денови по прекинувањето пријателството и не изгледа како лоша опција, размислете дали сте подготвени на тоа. Имајте предвид дека времето ќе придонесе и да се намали сексуалната тензија, а емоциите ќе исчезнат. Дали и понатаму би сакале да бидете пријател со таа личност?

Имајте предвид дека тоа е како создавање ново пријателство, а во тој момент многу попаметно ви е да ги зачувате пријателствата кои ги имате, отколку да вложувате во нешто ново, што може и да не успее.

Зошто сакате да бидете пријатели?

Дали е тоа затоа што ги запоставивте реалните пријатели за време на врската? Тоа навистина не е добро. Сепак, причините може да бидат најразлични, а на вас е да детерминирате што е тоа што ве тера да сакате да останете во пријателски односи со поранешниот партнер. Сепак, не сакате да бидете очајни и да останете само со таа личност во животот.

Вистинските пријателства меѓу поранешните партнери се возможни, но во многу контролирани услови – без емоции, без негативност, без љубомора и секако, без скршено срце.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg