Најпопуларни фетиши, пост-сексуална депресија – Факти за сексот кои не сте ги знаеле
Сексот е непресушен извор на теми во секој разговор. Некои истражувања покажуваат дека мажите размислуваат за секс на секои 7 секунди, другите велат дека размислуваат за него 19 пати на ден, но што и да е вистината, едно е сигурно - сексот е во нашиот ум цел ден.
Во продолжение неколку забавни факти за сексот кои можеби не сте ги знаеле:
Интимна облека со вкус
Доколку им веруваме на продавачите во секс продавниците, најпродаваната интимна облека е онаа со вкусот на цреша, а најмалку популарна е онаа со вкус на чоколадо.
Бакнеж
Еден бакнеж може да согори 26 калории, а покрај тоа бакнежите се грижат за здравјето на нашите заби. Плунката, која се лачи за време на бакнежот, ја одржува чистотата на устата и ја намалува можноста за формирање на кариес.
Пост-сексуална депресија
Некои мажи после сексуалниот однос имаат чувство на тага. Овој проблем, исто така, влијае и на секоја трета жена, а присутни се и раздразливост и анксиозност. Ова не е нужно поврзано со квалитетот на сексот.
Сексот го олеснува јавниот говор
Многу луѓе се плашат од јавен говор, а според едно шкотско истражување, сексот е одличен лек за тремата.
Најпопуларните фетиши се...
На прво место се фетиши на нозе и фетиши на чевли.
Сексот е лек
Сексот делува подобро од лековите за смирување. Помага при главоболки и астма. Во секој случај, не е лоша алтернатива на лекови.
Бројките не лажат?
Иако мажите ќе ја зголемат бројката на сексуалните партнерки, истражувањата покажуваат дека просечниот хетеросексуалец има седум сексуални партнерки за време на неговиот живот, а просечната хетеросексуална жена има 4 сексуални партнери.
Ашера | Црнобело