9 тајни за мажите кои секоја жена треба да ги знае
Мажите не сакаат премногу зборување за проблемите, туку најчесто веднаш се посветуваат на акција.
Дали вашата прекрасна врска на моменти се претвора во пекол затоа што едноставно не можете да го разберете однесувањето на вашиот партнер?
Не покажува чувства и на моменти прави навистина нелогични работи, зарем не?
Некои тајни за мажите мора да ги знаете:
Мажите не читаат мисли
Наместо превртување со очите и тешки воздишки мажот треба во отворен разговор да го слушне вашето мислење за конкретна ситуација.
Мажите, исто сака, сакаат да придонесат за врската
Сакаат да преземат одговорност, да бидат поддршка и заштита, но понекогаш жените носат одлуки место нив и не им ја даваат шансата.
Мажите не сакаат критицизам и мразат кога треба да побараат помош
Треба да се најдат во сосема очајна ситуација, кога веќе ги потрошиле сите идеи и средства за да се одлучат да побараат помош. Не сакаат да признаат дека нешто не знаат.
Мажите решаваат проблеми, но не дискутираат за нив
Вашите жалби во очите на мажот се повик за акција и комплимент дека тој ви е раката за спас, па неговиот мозок веднаш започнува да генерира решенија.
Сепак, мажите не сакаат секогаш да бидат одговорни за сè
Ги мачи тоа што во модерното општество преовладува мислењето дека мажот треба да биде некој вид на универзален војник, кој треба да знае да поправи кран, но и да го спаси светот.
Мажите сакаат да јадат добро и ценат економични жени
Сакаат жени кои се трудат да им приготват нешто убаво. Кулинарските способности се плус затоа што се и ефикасен начин на заштеда во домот, односно не мора постојано да сте во ресторани.
Мажите сакаат време за себе
Понекогаш имаат потреба да појдат на пиво со пријателите или да работат нешто во гаражата со часови. Тоа не значи дека повеќе не ве сака, туку си има свои начини на релаксација.
Мажите се големи деца и годините немаат ништо со тоа
Мажите често се големи деца и имаат чудно хоби од типот градење на замоци во некоја видео игра, но мора да разберете дека такви за вас можеби чудни навики, нив им носат среќа.
Мажите се емотивни, дури и да не ви изгледа така
Мажите подеднакво емотивно поднесуваат некои ситуации, но тие не зборуваат за тоа и не го покажуваат за да не изгледаат немажествено.
С. С. | Црнобело