Развод - што понатаму?

razvod-sto-ponatamu-povekjeПо завршувањето на еден брак пред нас следи едно непријатно и често многу болно патување низ нашите животи. Најдобар совет што може да ви...


...го даде било кој е да за момент застанете и да се запрашате себеси:

Што е тоа што одсекогаш сте сакале да го направите, да го видите, да бидете?

Ова е вашата шанса да го зграпчите вашиот нов и подобар живот...

razvod-sto-ponatamu

  • Секогаш бидете отворени за промени. Отворете го вашиот ум за нови работи и нови можности. Започнете со промена на начинот на кој размисувате. Не дозволувајте им повеќе на негативните мисли да преовладуваат. Мислете позитивно и секоја ваша реченица нека започнува со : Јас заслужувам...
  • Поставете си граници. Во ред е да кажете НЕ на оние работи кои несакате да ги правите. Веќе не сте обврзани на никому освен на вас и вашите потреби. Ако не ви се допаѓа некој кој е постојано околу вас или едноставно ви одзема преголем дел од вашата енергија, слободно оттгнете го од вас. Ќе се изненадите колку е тоа подобро за вас.
  • Ослободете се од минатото. Иако е полесно да се каже отколку да се направи, но откога ќе го сторите тоа вие ќе можете вистински да го прифатите вашиот нов живот. Во некои моемти ќе се запрашате дали тој минат живот навистина постоел. Да, постоел, бил убав, но тој е минато а сега започнувате со ново поглавје од истиот. Затоа, ценете ја сегашноста и така ќе дозволите да ви се случат убавите работи.
  • Верувајте и на вашата интуиција. Сите луѓе имаат вродено чуство за интуиција, но кога животот станува удобен тие престануваат да ја слушаат. Интуицијате е чуство, одраз на нашите внатрешни желби. Ако имате чуство дека нешто не е во ред или во вашиот живот не постои баланс, најверојатно е така. Верувајте во себе!
  • Побарајте помош. Не сте сами на ова патување, затоа, верувајте дека сте во оваа непријатна ситуација за да ја пронајдете повторно вашата храброст, да соберете енергија, да пораснете и да станете подобро човечко суштество. Разговор со пријател кој поминал низ истиот пат или психијатар не е никогаш лоша одлука.
  • Предизвикувајте се себеси. Во колку по предизвикувачка ситуација се ставате себеси, дотолку повеќе оставете простор за развој на својата личност и свеста за вашата личност. Размислувајте и дејствувајте надвор од сигурната кутија во која се наоѓате во моментот и животот ќе ви ги донесе неограничените можности пред вас. Почуствувајте го стравот во вас и направете го токму тоа што ве плаши!
  • Започнете повторно да живеете. Време е за вас. Правете сè што ве прави среќни и ве смее. Само со позитивни личности околу вас и позитивни мисли ќе го завршите ова патување и со насмевка на лицето ќе се потсетите еден ден...

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg