Човекот кој од Индија до Шведска стигнал со велосипед, заради љубов

Шарлот фон Шедвин била русокоса девојка со сини очи и од шведското благородништво. ПК Маханандија пак, бил сиромашен студент по уметност од источна Индија на најниско ниво според кастите на Индија.

covekot-koj-propatuval-od-indija-do-shvedska-na-velosiped-za-ljubov-01_copy.jpg

Шансата да се запознаат во Делхи во 1975-та година, кога Шедвин побарала од не него да ѝ наслика портрет, го натерала подоцна да пропатува 3.600 километри на велосипед од Индија до Шведска за да биде со неа.

И покрај различното минато, како да било судбина да завршат заедно, а нивната љубов била инстантна и преголема. Заедно поминале еден месец пред Шедвин да се врати назад во Шведска.

А, Маханандија дал заклетва дека ќе стапи во брак со жената која ја сака, по секоја цена. Таа цена за талентираниот уметник била да продаде сè што има и со само 80 долари да тргне на епско патување со велосипед низ 8 земји цели 4 месеци.

covekot-koj-propatuval-od-indija-do-shvedska-na-velosiped-za-ljubov-1.jpg

Во тие денови само „Махараџа можеше да си дозволи лет до Шведска“, објаснува Маханандија.

Маханандија додека патувал, спиел во бедуински шатори, младински хостели и под ѕвездите покрај Каспиското Море, а љубовта ја одржувале преку прекрасни романтични писма.

Сега веќе 4 децении се во брак имаат две деца и живеат среќно во Шведска. Дури и филмаџиите се заинтересирани да направат филм од нивната прекрасна приказна.

Напишано во ѕвездите?

Маханандија имал само 9 години кога случајна средба како да одредила каква ќе биде неговата иднина.

Тогаш според кастите на Индија, тој бил „подолу и од кравите и кучиња“ и не смеел да се доближува до храмовите, инаку по него биле фрлани камења. Еден ден добил дозвола да влезе во храмот и да седи позади само никој да не допира.

Тогаш во храмот влегле британски инспектор и неговата сопруга. Од неа добил мал подарок, венец од цветови. „Можеше да види дека не припаѓам тука и како да се сожали на мене. Дојде и ме погали по косата“ - се присетува Маханандија.

Тогаш се вратил дома и на мајка му ѝ кажал дека е вљубен.

За возврат од мајка си добил хороскоп кој вели дека ќе запознае бела жена која ќе поседува џунгла, ќе сака музика и ќе биде Бик.

Случајната средба се случила во 1975-та година кога тој имал 26 години. Тогаш сликал портрети на познатите политичари и славни личности, вклучувајќи го и портретот на Валентина Терешкова, првата жена во вселената.

Тогаш ја запознал Шарлот фон Шедвин, 20-годишна авантуристка која патувала по познатиот „Хипи пат“ за да дојде до Индија. Првиот ден по нејзиното пристигнување го запознала Маханандија кој го сликал нејзиниот портрет, но останал недовршен.

Му ветила дека наредниот ден ќе се врати за подобар портрет.

„Кога ја видов како нешто да ми кажа дека таа е жената од мојот хороскоп. Следниот ден морав да дознаам дали е Бик. Одговорот беше позитивен. Беше Бик. Свиреше на пијано и нејзиното семејство поседуваше дел од шумите на Шведска откако помогнало на кралот во 1700-ите години.“ - објаснува Маханандија.

„Беше судбина да се запознаеме. А, кога тоа ѝ го кажав беше шокирана.“

covekot-koj-propatuval-od-indija-do-shvedska-na-velosiped-za-ljubov-2.jpg

По само неколку денови стапиле во брак, но таа морала да се врати назад во Шведска.

Во 1977-та година Маханандија заминал на пат до Шведска по истиот пат по кој таа дошла во Индија. Тој пат се простирал од Индија до Пакистан, Авганистан, Иран, Турција, поранешна Југославија до Европа. Тогаш на патниците не им била потребна виза, бидејќи регионот бил безбеден.

А, Маханандија само со 80 долари и цртајќи портрети за храна дошол до својата љубов.

Пристигнал на 28-ми мај 1977-та година.

Сега веќе 40 години се во брак, имаат две деца, Сид и Емели, а по нив ќе се прави и филм.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg