Ако овие работи се случат на вашиот прв состанок, најверојатно нема да има втор
Љубовните состаноци воопшто не се лесни и едноставни. Скоро никогаш не се релаксирачки и се полни со тензии и возбуда. Се трудите да оставите добар прв впечаток и тоа ви создава огромен притисок, а дополнително на тоа, истовремено се трудите и да ја запознаете личноста што седи до вас.
Некои состаноци завршуваат со среќна иднина, но за некои не вреди да потрошите време и да дадете втора шанса.
Ако овие работи се случат на вашиот прв состанок, не се мачете да планирате втор:
Ако цело време гледате на часовникот
Ако на секои 5 минути го проверувате часовникот да видите колку време поминало, сигурно ви е многу досадно и непријатно. Првиот состанок треба да биде возбудлив и времето да ви помине како една секунда. Ако уште на почеток се чувствувате толку неудобно, тешко дека некогаш ќе имате хемија со таа личност.
Ако само едниот зборува
Ако некој не го „испушта микрофонот” на првиот состанок, тоа очигледно е лош знак. Кога некој сака да ве импресионира и нарцисистички зборува цела вечер само за себе, тоа значи дека најверојатно во цела врска ќе се однесува така и вашите чувства ќе бидат често занемарени.
Разговорот треба да биде умерен помеѓу двајцата и да осетите дека личноста има желба вистински да ве запознае.
Ако уште на првиот состанок забележите дека сте на комплетно различни страни
Првиот состанок е одлична можност да согледате каква е личноста. Ако знаете што сакате во потенцијална врска и гледате уште на почеток дека со таа личност никогаш нема да го имате тоа, тогаш подобро е уште веднаш да се откажете.
Имате некои вредности кои се клучни во вашиот живот и ако потенцијалниот партнер не ги поседува, воопшто не вреди да му се даде втора шанса.
А. В. | Црнобело