Да - за љубовен компромис, Не - за постојани жртви
Секако дека е убаво да си вљубен и да си во врска или брак со вистинската личност. Ние сме создадени подобро да функционираме во пар, но не по секоја цена. Не и кога личноста покрај тебе не ти одговара од многу аспекти.
Но, дури и кога ти е убаво, не смееш да дозволиш да се изгубиш себеси и да дозволиш врската да ти го дефинира животот, но и тебе како личност.
Немој да заборавиш која си, само поради врската
Кога си во врска и твојот карактер ќе започне да се влошува малку по малку, тоа е јасен знак дека односот почнува на некој начин да те проголтува. Промените на подобро се секогаш пожелни, но желбата за нив мора да потекнува од себе, не од желбата да се задоволи некој друг.
Врската треба да те поттикне да созрееш, не да те враќа назад
Врските понекогаш ги комплицираат работите, но во најдобар случај ти созреваш напоредно со нивниот развој. Тие не треба да ти го загорчуваат животот, туку напротив, да чувствуваш дека правиш паметни чекори напред.
Секогаш треба да најдеш време за семејството и пријателите
Само затоа што имаш дечко/маж, не значи дека останатите луѓе треба да ги избришеш од животот. Семејството е важно, пријателите се важни. Животот не е само една личност покрај тебе, животот се сите драги лица, а тие заслужуваат време и внимание.
Врската не е сè што имаш во животот
... а доколку мислиш така, крајниот резултат е целосна изолација. Зависност од партнерот, немање свое „јас“, свои интереси и хобија. Доколку сметаш дека љубовната врска е единственото што те радува на светот, во иднина ќе се држиш како давеник за сламка за партнерот, иако можеби врската нема да функционира повеќе.
Кога пријателите се загрижени, има некој проблем
5 глави размислуваат подобро од една. Доколку сите пријатели ви укажуваат дека нешто не е во ред со вас и начинот на кој функционира вашата врска, тогаш многу веројатно е дека ви ја кажуваат вистината. Слушајте ги пријателите, тие не ви мислат лошо.
Компромис – ДА, но постојани жртви – НЕ
Секако дека е потребно да се прават компромиси во врската. Но, да бидете постојана жртва на нечии туѓи одлуки и избори е исцрпувачко и погрешно. Доколку сфатите дека секојдневно жртвувате нешто за врската, а не добивате ништо за возврат, тој однос едноставно не е вреден за одржување.
Партнерот не треба да е постојан извор на стрес
Нормално, некои денови партнерот ви оди на нерви, други – вие лазите по неговите. Но, доколку првата ситуација се повторува секојдневно, врската не е повеќе она што била, претворајќи се во измачувачки деструктивен однос меѓу двајца луѓе.
Сакање и опсесија се две различни работи
Да си вљубен и да сакаш некого е одлична работа, да си целосно заслепен и постојано да опсесизираш за партнерот е сосема друга. Светот не се врти само околу него. Тој не треба да го цеди животот од вас, ниту вие од него. Покрај заедничкиот, секој има право и потреба од мало парче приватност и свој живот.
Подобро да си сама, отколку во дисфункционална врска
Не вреди да бидеш со некого покрај кого не се чувствуваш како себе. Или се чувствуваш лошо, незадоволно, фрустрирано. А го трпиш сето тоа само заради фактот што не сакаш да си сингл, не сакаш да се појавуваш сама на свадби или поради муабетот што ќе речат соседите. Охрабри се, тоа не е најлошото нешто на светот, најстрашно е да си заглавен во лоша врска без љубов, разбирање и задоволство.
(О)Милена | Црнобело