Што се случува во главата на мажите на првиот состанок? (видео)
Ова неверојатно добро видео ни покажува како изгледа првиот состанок во главата на мажите, што сè им се врти во мислите и како понекогаш истите толку многу напливаат во свеста така што им е тешко да ги контролираат.
Краткиот анимиран филм е дело на талентираните артисти Јосија Хаворт, Џун Шик Сонг и Џун Со Сонг.
Во него се прикажува човек кој излегува на „слеп“ состанок со девојка која никогаш претходно ја нема видено и неговиот мозок едноставно не престанува да работи.
Во него се случува борба меѓу онаа левата „логичка“ страна и десната хемисфера каде владее светот на емоциите.
Што се случува во главата на мажите при прв состанок?
Н. Г. | Црнобело