25 љубовни мисли кои секоја девојка во своите 20-ти треба да ги слушне
Во животот никогаш не е предоцна за ништо и најдобро е секогаш да бидете исполнети со трпение, посебно кога станува збор за љубовта. Таа не се избрзува...
25 совети кои секоја девојка треба да ги слушне во своите 20-ти:
1. Не трчај во прегратките на маж, ако мислиш дека врската ќе ти ги реши сите проблеми.
2. Ти си решение на своите проблеми. Можеш да го решиш сè она што си одлучила да го решиш.
3. Сè што ти е важно не мора и не треба да го жртвуваш.
4. Убава си, но и многу повеќе од тоа.
5. Не треба мажот да ти го исполни животот. Ти можеш сама во целост да ја живееш твојата суштина и тоа е апсолутно во ред.
6. Вистинскиот ќе дојде кога треба да дојде, а ти ќе знаеш дека тој е оној „Вистинскиот“. Не мораш да бараш и да се претвориш во нешто што не си, за да добиеш некого.
7. Не дозволувај момчето да избега од твоето срце и да те остави празна и расплакана. Чувај го своето срце на сигурно место.
8. Насочи се на работите од кои растеш и созреваш.
9. Сакај ги само оние кои ти се пријатели. Реципроцитетот е знак на почитување и љубов.
10. Биди свесна за игрите на контрола и моќта во сите нејзини облици.
11. Заштити го своето срце и биди прва која ќе ги прости грешките на луѓето во твојот живот, посебно на твоите родители.
12. Никогаш не е предоцна да избегаш од човекот кој те прави несреќна и ако се наоѓаш во врска која те прави незадоволна.
13. Побарај љубов во сè.
14. Сакај се себеси на начин како да е тоа твоја должност и вера.
15. Кажи нешто во моментите кога гледаш дека нешто не е во ред и направи нешто за да може тоа да го промениш барем на најмал начин.
16. Не мораш да бидеш супер жена, и онака веќе си совршена, биди само малку трпелива.
17. Пред да се обидеш да го спасиш светот, пробај да се спасиш себеси.
18. Многу си посилна отколку што мислиш дека си, сè е до тебе.
19. Сакај се, прифати се и ќе најдеш среќа и задоволство во животот.
20. Сакај ја личноста која те сака и покажувај ѝ го тоа. Љубовта не треба да ве збунува. Таа е едноставна, јасна, силна и искрена.
21. Ако еден ден паднеш и не можеш да пронајдеш сила да станеш, погледни длабоко во себе и ќе пронајдеш сила доволна за да подигнеш планина.
22. Исфрли ја сета негативност и ќе најдеш барем една позитивна работа во сè.
23. Никогаш не е предоцна да станеш комплетно нова.
24. Следи го својот повик. Секој има своја цел, суштина и место во овој свет. Истражи ги своите таленти и не се плаши од критиките.
25. Никогаш не се откажувај, посебно не од себе.
Н. Г. | Црнобело