50 начини како да поминете квалитетно време со партнерот

Писателката Одри Меклиленд после 15 години во брак признава дека повеќето вечери (добро, речиси сите) ги поминалa со сопругот седејќи и гледајќи телевизија.

50-nacini-kako-da-pominete-kvalitetno-vreme-so-partnerot-01.jpg

Секако ова рутина едноставно почнала да ѝ пречи и во обид да ги смени работите, таа составила листа од 50 работи кои може да ги прават заедно со сопругот во слободното време.

Така наместо досадните и мрзливи вечери пред телевизорот, ова се работите со кои ќе поминете квалитетно време со партнерот, поврзувајќи се на многу подлабоко ниво и чувствувајќи се многу поисполнето.

1. Сетете се на првиот состанок и повторете го.

2. Возете велосипед во најблискиот парк.

3. Гответе заедно: наизменично избирајте рецепти и гответе ги омилените јадења.

4. Одете заедно во теретана или запишете се на јога.

5. Спојте ги во пар испраните чорапи: верувале или не навистина е убаво едноставно да седите заедно и да разговарате додека правите нешто сосема неважно.

6. Засадете дрво.

7. Одете во театар или музеј.

8. Префарбајте го ѕидот во дневната соба кој одамна ви изгледа здодевно и сакате да го смените.

9. Отидете заедно во некоја продавница и купете си еден на друг нешто ново.

10. Играјте некоја друштвена игра.

11. Организирајте романтичен пикник.

12. Купете голема сложувалка и составете ја.

13. Читајте заедно некоја книга. Одберете некоја романтична книга и читајте си еден на друг.

14. Направете албум од вашите фотографии.

15. Гледајте го изгрејсонцето или зајдисонцето.

16. Отидете на кафе во некое ново кафуле.

17. Организирајте еднодневно патување, во блиската шума или најблискиот град.

18. Отидете на концертот на бендот кој и двајцата го сакате или одете на караоке и пејте ги омилените песни.

19. Запишете се на курс по танц.

20. Играјте кошарка. Дури и воопшто да немате талент за тоа.

21. Одете на куглање.

22. Одете на риболов.

23. Возете ролери.

24. Играјте игри на „Xbox“.

25. Организирајте вечер на масажа, наизменично еден на друг дозволете си вистинско опуштање и уживање.

50-nacini-kako-da-pominete-kvalitetno-vreme-so-partnerot-02.jpg

26. Одете заедно на трчање.

27. Бидете дел од некој добротворен настан или помогнете во некоја добротворна организација.

28. Прошетајте до најблиската река или езеро и соберете интересни камења.

29. Танцувајте во кујната, кога децата ќе заспијат.

30. Посетете некој божиќен пазар на отворено.

31. Одете на планинарење и поминете вечер покрај логорски оган.

32. Научете заедно да свирите на некој музички инструмент.

33. Преуредете ја спалната: ставете нови завеси, преместете го мебелот...

34. Возете картинг.

35. Одете во најблиската шума и собирајте шумски јагоди.

36. Гледајте го повторно свадбеното видео.

37. Направете семејно дрво.

38. Поминете ноќ во хотел

39. Вечерајте во ресторан во кој никогаш не сте биле.

40. Седнете на балконот или во дворот и гледајте ги ѕвездите.

41. Одете на јавање.

42. Одете во забавен парк.

43. Направете заедно торта и изненадете ги децата.

44. Облечете се во најубавата облека и одете на вечера.

45. Направете појадок и јадете во кревет.

46. Одете во планетариум.

47. Купете огномет и осветлете го небото.

48. Одете во воден парк.

49. Одете на тест возење со автомобилот од вашите соништа.

50. Излезете на дождот и бакнувајте се.

50-nacini-kako-da-pominete-kvalitetno-vreme-so-partnerot-03.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg