Вистинската љубов е како Халеева комета, тешко кој ја пропушта
Беше недела наутро, со мојата сопруга имавме договор дека во недела наутро јас сум задолжен за правење на појадок и за сите грижи кои таа ги имаше околу децата претходните пет денови од неделата, за викенд јас бев главниот шеф во кујната.
Таа обично ќе поспиеше до покасно или ќе пуштеше епизода од нејзината омилена серија. Тоа утро имав подготвено витамински појадок со многу зеленчук и пудинг за десерт.
Ги гледав малите ѓаволчиња како лакомо јадат од тоа што беше подготвено, беше тоа вистинско задоволство. Не знам како другите гледаа на тоа, но тие беа мојата причина за секоја понатамошна борба.
Ставив вода на ринглата, сакав да сварам кафе, кога мојата сопруга излезе од спалната, ме прегрна и заедно уживавме во плодовите на нашата љубов кои како беа како мали мршојадци на масата.
Таа отиде да се средува, а јас побрзав да го расчистам нередот кој го оставија зад себе.
На масата седеше мојата најголема ќерка и беше прилично замислена. Познавајќи ја, нешто навистина ја мачеше. Седнав до неа и додека таа отсутно мешаше од пудингот, ја запрашав.
„Толку ужасен ли беше овој неделен појадок или па можеби толку вкусен што не сакаш да се одделиш од масата. Нели треба да пишуваш домашно за училиште, петокот се спаси, но денеска нема бегање” - подреков јас со зајадлив тон.
„Господине тато, појадокот беше совршен, но мене нешто друго ме мачи. Последната книга која ја читав, а ја добив како подарок од моите другарки, раскажуваше дека вистинската љубов се случува само еднаш. Па се запрашав што ако јас некогаш ја пропуштам или случајно мислам дека тоа не е вистинската, а секоја наредна да е полоша од претходната?“
„Опа, пубертетот некого страшно го нападнал. За тоа моја драга не треба да се грижиш. Во животот ќе сретнеш можеби повеќе момчиња и секој ќе ти се допаѓа на различен начин. Но првата љубов, онаа која ќе прерасне во една врска која ќе те обележи засекогаш е онаа најголемата. Мојата моментално е во бањата и ја прави фризурата, немој да и кажеш ама кога ќе се разбуди личи на лошата вештерка, ова е тајна меѓу мене и тебе.
Таа не се пропушта, таа се чувствува, едноставно не може да ти се лизне од рацете. Таа е толку посебна што тоа ќе го знаеш штом ќе замижеш, штом ќе вдишиш од воздухот. Сè ќе има поинаков вкус. Тоа е како Халеева комета, ја гледаш многу ретко, но сепак знаеш дека тоа е тоа. Но, за тоа си сè уште млада, моја мила госпоѓице. Рековме нема дечковци сè додека не наполниш осумнаесет години“ - реков јас низ смеа, шегувајќи се, а таа кисело се насмевна.
Остана на масата, можеби имаше симпатија која се плашеше дека е нејзината вистинска љубов која ќе ја пропушти. Можеби тоа навистина беше предизвикано од цитатот кој го читаше.
Едно беше јасно, вистинската љубов тешко кој ја пропушта, за неа знаат сите, дури и да не се заедно секогаш ќе знаат која била таа љубов која ги обележала.
По нивната насмевка, по говорот на телото по заедничките моменти кои ги поминале. Тоа беше нешто што помалку или повеќе секој можеше да го почувствува и да го протолкува во вистинскиот момент, без да се плаши дека ќе помине без негово знаење.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Н. Буџак | Црнобело