7 прашања кои треба да му ги поставите на новиот партнер за да го запознаете подобро

Сигурно мислите дека знаете сѐ за личноста со која излегувате, но вистината е дека секогаш може да научите нешто ново. Затоа, треба да се потрудите да разговарате со него на што е можно поразлични теми.

7-prasanja-koi-treba-da-mu-gi-postavite-na-noviot-partner-za-da-go-zapoznaete-podobro-001.jpg

Еве неколку прашања кои треба да го прашате ако сакате подобро да го запознаете партнерот:

1. Неговата верзија на вашето запознавање...

Сите го гледаат светот на различен начин. Иако вие бевте присутни првиот пат кога ве видел и ви прозборел, вашата приказна е поразлична од неговата. Затоа, прашајте го како тој мисли дека сте се запознале. Сигурно ќе ви посочи на нешто на кое вие никогаш не би се сетиле или не ни знаевте дека се случило.


2. Неговиот совршен ден...

Запрашајте го како би изгледал неговиот совршен ден. Можеби ќе откриете дека би сакал да живее покрај море или дека сака да го помине цел ден гледајќи телевизија. Иако мислите дека знаете сѐ, ваквото едноставно прашање може да направи да го запознаете уште подобро.


3. Со што се гордее најмногу?

Ова звучи како прашање од интервју, но е од голема важност ако сакате да го запознааете уште подлабоко. Можеби ќе ви каже за трката на која победил како мал или за времето кога ѝ помогнал на некоја стара бабичка со кесите. Голем број луѓе не сакат да се фалат, па затоа можеби не спомнал со што најмногу се гордее.


4. Што би сакал да знае за иднината?

Ако видовит може да му ја каже вистината за неговата иднина, дали би сакал да знае или сам да открие кога ќе дојде вистинскиот момент? Ако ви рече дека би сакал да знае, тогаш прашајте го што најмногу го интересира - дали сака да знае со кого ќе се венча, колку деца ќе има, или каква работа? Ваквото прашање може многу да ви помогне да ги откриете неговите приоритети.


5. Што е она што најмногу го цени кај вас?

Постојано ви дели комплименти, но дали ја знаете причината зошто ве сака? Прашајте го што најмногу цени кај вас. За да бидат работите фер, и вие одговорете на истото прашање.


6. Која му е најголемата грешка?

Луѓето не сакаат да зборуваат за нивните негативни особини. Затоа не ја знаете неговата најголем грешка. Можеби турнал некое дете како помал, можеби ѝ го скршил срцето на бившата. Време е да откриете зошто понекогаш не може да заспие навечер.


7. За што се грижи најмногу?

Прашајте го која му е најголемата грижа -  работата, здравјето на мајка му, вашата врска или нешто друго? Ако го прашате, ќе се изненадите какви длабоки тајни може да ви открие. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg