Секс за пофалба
Ако не се сеќавате кога последен пат сте го пофалиле сексот со партнерот или пак сте доделиле убави комплименти, крајно време е да го направите тоа.
Секој од нас понекогаш посакува да слушне некаква пофалба. А, толку повеќе сме среќни ако не пофалат за нашата сексуалност.
Кога последен пат сте и кажале на партнерката – „Денес беше неверојатна”, или „Потполно ме полуде”, или пак „Одлично беше”?
Ако од последната пофалба поминало повеќе време, новата пофалба сигурно ќе биде добредојдена. Се разбира ако ви се допаѓа сексот и ако двајцата го посакувате тој секс.
Со пофалбата ќе ја подобрите самодовербата на вашата партнерка или партнер, а следниот пат ќе се потруди уште повеќе.
Не е неопходно пофалбата да се однесува само на вашиот сексуален живот.
На секого од нас многу би му значело да слушне од самиот партнер – „Се гордеам со тебе”, или „Оваа недела премногу работеше па би сакал да те однесам на вечера за да не мораме да готвиме со што ќе имаме повеќе време за нас”.
Искрената вербална наклонетост ни дава мотивација за понатаму.
Пробајте и уверете се дека вашата пофалба нема да ја израдува само вашата партнерка.