Нов фетиш наречен волна?!
Францускиот интернет форум кој се занимава со листање на многубројните фетиши, неодамна додаде нова категорија за луѓето кои на голо облекуваат...
... долна облека, панталони, џемпери, шапки и маски, изработени исклучиво од волна. Во текот на своите сеанси, најчесто целото тело е прекриено со волна, евентуално оставени отворени неколку клучни места за нормален тек на акцијата.
На интернет мрежата тие се здобија со името 'woolies', според англискиот збор 'wool' , што значи волна.
Како што самите велат, не чуствуваат поголема страст од онаа кога на својата кожа ќе осетат мекост и благо боцкање од волната.
Џејсон чиј фетиш е волната, зборува за тоа како од својата 8ма година, тој имал посебен однос кон неа.
”Тоа трае речиси 30 години, со тоа никого не повредувам, а со тоа најповеќе се забавувам и возбудувам”, објаснува човекот кој одвај чека да дојде зимата каде може да ги спои згодното со корисното, носејќи секој ден волнен џемпер на работа.