На жените им требаат 5 мажи
Повеќето жени имаат потрба од повеќе различни типови на момци, употребливи за различна пригода – од искрени совети, рамо за плачење, пријател кој ќе ве...
...насмее до солзи или пак кој искрено ќе ви каже ако сте накачиле некое кило. Еве ја конечната листа на момци, кои е добро секоја жена да ги има “при рака” во текот на својот живот.
Шармер
Недолжното флертување, автоматски го подига расположението. Сигурно во близина имате некој шармер. Тоа е онаа личност која и во 3 часот по полноќ, кога лицето ви е уморно и отечено, ќе ви каже дека изгледате преубаво. Сепак, сјајот на шармерите не трае вечно и постојано, штом еднаш ја доловите неговата ефтина игра.
Господин брутално искрен
Кога жените се преискрени едни кон други, обично настанува голема кавга. Сепак, момците исто така можат да бидат премногу искрени, без да се навредиме.
Тоа нас ни дава идеа дека е тоа машко размислување и машко доживување на жените, кое нормално, е поинакво од женската перцепција и мисли.
Овој тип, земете го со вас на шопинг, но не поставувајте прашања на кои не сакате искрен одговор, бидејќи ако вашите пријателки ве убедуваат дека новите, свежо додадени 5 килограми не се приметуваат воопшто, г-динот Брутален без пардон ќе ви ја препорача најдобрата диета.
"Гик"
На секоја жена и треба малку “техничка подршка”, било да е во прашање инсталација на некој нов софтвер или подесување на новиот мобилен телефон.
Имено, овој тип не ги познава имињата на сите тренди кафулиња, но неговото познавање во технологијата може навистина да ви помогне во животот. Овие момци се многу интелигентни и знаат многу добро да ги исплатат своите квалитети.
Платонски пријател
Ако помеѓу вас нема скиена привлечност, постои тенденција вашето пријателство навистина да биде цврсто и искрено. Имајте ваков пријател низ целиот ваш живот и тој ќе биде тука за вас кога ви е најтешко - кога ќе ја раскинете вашата долга врска, тој ќе ве однесе на сладолед, ќе гледа со вас некоја одлична комедија и нема да му пречи што сте му ја наводениле целата кошула со солзи. Тој ќе ви ја врати самодовербата, и ќе секогаш ќе биде тука за вас.
Авантурист
Со овој тип ќе имате најубави спомени, па дури и ако се познавате само едно лето. Со него, никогаш нема да ви биде досадно, тој ќе ве извади од вашата “сигурна зона” и ќе ве однесе во дивината која сеуште не сте ја истражиле. Дури и од обично излегување на сладолед, ќе ви направи атракција. Сепак внимавајте, овој тип не можете да го врзете, нему му треба целосна слобода.