Кондоми за жени?
Новиот кондом за жени наречен "FC2" е направен од синтетичка гума, наместо од полиуретан, што значи дека е поефтин за производство, а поради...
... тоа и цената му е пониска. Во текот на 2008-та година се дистрибуирани околу 35 милиони на кондоми за жени ширум светот, што е многу малку во однос на 10 милијарди кондоми за мажи.
Како и да е, женскиот кондом не ја доживеа својата популарност како средство за заштита и контрацепција.
Првата верзија на кондомот со два флексибилни прстени е представена уште во 1993-та година.
Поранешната претседателка на "Female health co" Мери Ен Липер, изјавила дека "FC2", за разлика од стариот модел, е поефтин но и поедноставен за користење.
Исто така, за време на сексот, нема звуци на шкрипење или гужвање, како што беше случај со полиуретанската верзија.