Уживајте за Денот на вљубените и без партнер

Да се биде сингл за Денот на вљубените е навистина голем предизвик, кој ретко кој го прифаќа. Ако сите околу вас се парови, тоа не значи дека само тие имаат што да слават. Преземете ги работите во свои раце и одлучете самите како ќе го поминете овој ден.

uzivajte-za-denot-na-vljubenite-i-bez-partner-01

Сигурно имате и уште некоја пријател/ка која е исто така сама, затоа вклучете ја и неа ви вашите активности на 14ти февруари.

Разбудете се наспани, добро расположени

Исто како и секој обичен ден. Вашето расположение не смее да зависи од некој друг кој го имате или немате во моментот. Бидете оригинални и креативни. Направете листа од активности кои можете да ги направите во текот на денот.

Разгалете се себеси

Во текот на денот допуштете си масажа, направете си нова фризура. Разубавувајте се и опуштете се. Поканете некоја пријател/ка  во вашиот омилени ресторан и почестете се вкусен ручек. Направете сè што можете за да се чувствувате организирано, зафатено и задоволно.

uzivajte-za-denot-na-vljubenite-i-bez-partner-1

Дружете се со пријателите

Соберете се сите кои сте без партнери и поминете незаборавна вечер во вашиот омилен локал. Или едноставно соберете ги кај вас дома и изненадете ги со вкусни коктели, музика и одлична атмосфера.

Со текот на времето ќе сфатите дека овој ден не е изговор да жалите зошто сè уште сте сами, туку само уште еден изговор повеќе да се дружите, забавувате и запознавате нови луѓе.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg